за

Во Шведска возат на струја 23% од новите автомобили во април

Volvo_V60_Inscription
Volvo_V60_Inscription

Швеѓаните продолжуваат помасовно да избираат електрични автомобили и во април дури 23% од новите возила во земјата имале погон на батерија или се плагин-хибриди. Renault Zoe и Volvo S/V60 се шампионите во двете категории на погон.

Двојно се зголемил уделот на електричните и плагин-хибридните автомобили во Шведска во минатиот месец. Во споредба со 10,1% во април лани, годинава уделот достигнал 22,6 проценти. Шведскиот авто пазар исто така претрпе удар од корона-кризата и се намали за 38% во споредба со лани, но падот е многу помал во споредба со Германија, Италија или Велика Британија. Возилата со „приклучок“ се покажаа повеќе отпорни на кризата, отколку возилата со обичен погон.

Во земјата сепак почесто се избираат моделите со плагин-хибриден погон, отколку чисто електричните возила, со трикратно поголем удел на првите. Има разлика на првата позиција. Од мартовскиот шампион Tesla Model 3 немаше испораки во април, така што неговото место го презеде Volvo S60 и неговата комби изведба V60 со плагин-хибриден погон. Од чисто електричните модели, првото место му припаѓа на Renault Zoe.

Автомобилското здружение во земјата предвидува годинава да се продадат 270.000 возила, наспроти 356.000 возила лани. Остануваат добри прогнози за „електричните“, кои до април учествуваат со 26,8 проценти во вкупниот пазар.

Најпродавани модели со електричен погон во Шведска

Во април 2020, батериски и плагин-хибриди

Марка и модел
Примероци

Volvo S/V60

429

Volkswagen Passat GTE

410

Kia Optima PHEV

254

Kia Niro PHEV

243

BMW X3 xDrive30e

176

Kia Ceed PHEV

162

Renault Zoe (чисто на струја)

159

Mitsubishi Outlander PHEV

152

Audi e-tron (чисто на струја)

146

Skoda Superb iV

140

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ја зголемил продажбата на автомобили во Кина

Volkswagen ја зголемил продажбата на автомобили во Кина

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја

Skoda има уште еден нов СУВ и тој вози на струја