за

Швајцарија ќе ги шири улиците поради многуте СУВ-ови

Швајцарија ќе ги шири улиците поради многубројните СУВ-ови

Возачите во Швајцарија ги обожуваат своите големи теренци, но патиштата станаа претесни за нив. Се размислува за проширување, еколозите не дозволуваат

Главната автомобилска тема во Швајцарија деновиве е дали треба да се прошируваат патиштата во земјата. Поради големиот број на теренски автомобили, патиштата станаа претесни.

Властите и експертите ценат дека единствено решение е да се прошират патиштата. Во спротивно се зголемува опасноста од незгода. Неколку здруженија на сообраќајни инженери во земјата веќе почнале да работат на изготвување на новите норми за ширината на патиштата. Поддршка за тоа пристига и од Сојузната служба за патишта.

Во катните гаражи уште одамна е станато претесно

Според деталните статистики, секое трето регистрирано возило во Швајцарија уште пред две години било СУВ. Најпродаван модел со сребрена ѕвезда моментно е Mercedes GLC, баварците следат со BMW X1, додека од Volkswagen Tiguan во земјата се продаваат речиси исто толку примероци колку од Golf.

Експертски истражувања дојдоа до податокот дека просечната ширина на автомобилите е зголемена за 12 сантиметри, во споредба со автомобилите од почетокот на 1990-те. Некои возила, како Cadillac Escalade, дури ја надминаа двометарската вредност, со пристојни 2,06 метри. Возачите уште одамна забележуваат дека им станува претесно во катните гаражи.

mercedes g 500 4x42_1

Планот на Швајцарците е да ги прошират патиштата за десет до 50 сантиметри. Магистралните патишта моментно имаат ширина на сообраќајна лента меѓу 3,25 и 3,75 метри. Планинските патишта и градските улици обично се потесни. Од проширувањето би профитирале и товарните возила.

Пошироките патишта се побезбедни и за велосипедистите

Велосипедистите исто така ќе бидат посреќни, затоа што велосипедските патеки обично се обележани на коловозната лента и широките возила доаѓаат во опасна близина до нив. Со пошироки патишта се зголемува и растојанието меѓу велосипедистите и возилата.

Реагираат и заштитниците на животната средина. Тие сметаат дека со проширувањето на патиштата, со цел да им се удоволи на големите и тешки СУВ, се загрозува исполнувањето на целите за заштита на климата.

Остра критика доаѓа од безбедносните експерти. Тие посочуваат дека пошироките патишта би воделе кон побрз сообраќај, а тоа води директно кон зголемување на опасноста од незгода.

Дали Швајцарија ќе добие повеќе асфалт на својата територија, не зависи само од експертските критики. На крајот, сепак решаваат политичарите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen tiguan servisen povik

Volkswagen повикува 700.000 возила во сервис поради опасност од краток спој

Bitter CD (Фото www.autoclassics.com)

Bitter CD: Најдобриот „Opel“ на сите времиња