168
22 shares, 168 points

Во отсуство на официјална продажна статистика за македонскиот пазар, ги објавуваме податоците од најинтересните пазари во Европа. Во Швајцарија за шест месеци се продале за 147% повеќе електрични возила отколку во истиот период лани. Хибридите и натаму се силни во продажбатаа, но има позитивен тренд и кај погонот на метан.

Во првите шест месеци од годинава, во Швајцарија и кнежевството Лихтенштајн се продале 157.136 нови автомобили. Тоа е за само 774 возила помалку од првото полугодие лани.

Експертите очекуваат продажбата на автомобили во алпската земја до крајот на годината да достигне 308.000 примероци. Предвидувањата се темелат и врз големиот број моделски новитети што пристигаат во втората половина од годината.

Во Швајцарија за еден работен ден се продаваат во просек по 1.200 нови патнички автомобили

Големи движења има кај алтернативниот погон. Бројот на возила со погон што се разликува од обичен бензинец или дизел во првото полугодие се зголемил за 68,2 проценти, на 16.700 примероци. Соодветно на тоа пораснал и пазарниот удел, од 6,3 на актуелните 10,6 проценти.

Најголем раст има кај електричните автомобили (+147,2 проценти) и кај автомобилите со хибриден погон (+48,4%). Првпат за шест месеци се продадени повеќе од 10.000 хибридни автомобили. Нивната вкупна бројка изнесува 10.237 примероци, од кои 9.177 користат бензински и 1.060 дизел мотор во комбинација со електромотор.

Промени има и кај автомобилите со погон на метан и биогас. Нивната продажба се зголемила за повеќе од 50 проценти.

Топ 50 Најпродавани модели во Швајцарија

(продажба до мај 2019)

Марка Модел Продажба
Škoda Octavia 3,909
VW Tiguan 2,930
VW Golf 2,669
Škoda Karoq 2,050
Škoda Kodiaq 2,003
Mercedes-Benz A-Klasse 1,999
Tesla Model 3 1,991
VW T6 1,985
Mercedes-Benz GLC-Klasse 1,921
Mercedes-Benz C-Klasse 1,906
VW Polo 1,814
VW T-Roc 1,649
Seat Ateca 1,634
Fiat 500 1,595
Seat Leon 1,499
Audi A3 1,472
Škoda Fabia 1,468
BMW X3 1,405
Ford Focus 1,354
Seat Alhambra 1,325
BMW X1 1,311
BMW 2er 1,309
Dacia Duster 1,296
Audi Q3 1,278
Suzuki Swift 1,239
Dacia Sandero 1,175
Toyota Yaris 1,155
Hyundai Kona 1,139
Ford Fiesta 1,093
Volvo XC40 1,092
Volvo XC60 1,065
Subaru XV 1,010
Audi Q2 1,009
Toyota RAV4 977
Mercedes-Benz E-Klasse 935
BMW 1er 924
Hyundai Tucson 920
Seat Ibiza 908
BMW 3er 876
BMW X5 861
VW Passat 845
Renault Megane 843
Mazda CX-5 837
Opel Crossland 820
Nissan Qashqai 814
BMW 5er 807
Peugeot 208 805
Mercedes-Benz GLA-Klasse 802
VW Touran 802
Renault Clio 799


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
22 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *