за

Tesla вози во служба на швајцарската полиција

полиција базел Tesla Model X

Полицијата во швајцарскиот град Базел набави три возила Tesla Model X. Во план е возниот парк да се збогати со повеќе електрични автомобили

Швајцарската полиција отсега ќе ги гони престапниците низ Базел со електрични автомобили од марката Tesla. Три примероци од моделот X 100D ќе бидат ставени во служба напролет. Базелската полиција денес ги претстави сино-жолто-белите автомобили со нулта емисија на штетни материи пред јавноста. Автомобилите се со стандардна спецификација, единствено се доопремени со радио врска и со сино ротациско светло.

Riesiges Interesse am neuen Einsatzfahrzeug der Kantonspolizei Basel-Stadt anlässlich der Pressekonferenz. #kantonspolizeibaselstadt #polizeibaseltesla

Posted by Kantonspolizei Basel-Stadt on Thursday, December 6, 2018

Електричните автомобили чинат по 140.000 франци или околу 124.000 евра по примерок, што полицијата пресметала дека е 50.000 евра поскапо во споредба со споредлив автомобил со дизел мотор. Но, службата на граѓаните пресметала и дека трошоците за одржување на Tesla се значително пониски. Со еден час полнење, батеријата испорачува енергија за 85 километри пат.

Полициска Tesla се вози и во САД, во Канада и Луксембург

Автомобилите произведени во Калифорнија ќе се користат и за патролирање, како и за гонење. Наесен е планирано да се придружат уште четири автомобили од Tesla. Возниот парк на полицијата во градот Базел моментно опфаќа 190 возила.

На глобално ниво постојат повеќе полициски служби кои користат возила на Tesla, на пример, во американските градови Денвер и Онтариоо, како и во Онтарио, Канада, и во Луксембург.

Швајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град

Швајцарскиот електромобил на солена вода извозе 150.000 km без мака

Швајцарец е заслужен за првите нарачки од Porsche пред 70 години

Во Швајцарија отворена првата пумпа за точење водород

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Scala

Уште една радост за Skoda и главоболка за конкурентите: Scala!

течен метан конзорциум, iveco

Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт