Според анкетата на британското здружение за заштита на потрошувачите, Suzuki има најзадоволни возачи од сите автомобилски марки. Меѓу најдобрите 50 марки од сите области, само пет се од автомобилскиот сектор
Британското здружение за заштита на потрошувачите ги објави индексите на задоволството на клиентите за јануари. Меѓу компаниите од банкарството, осигурувањето и трговијата со непрехранбени производи, од коишто Британките и Британците се најзадоволни, прва марка од автомобилскиот сектор е Suzuki, на 15-то место.
Јапонската марка постигна голем напредок, искачувајќи се за 29 места од лани. Нема простор за сомневање во веродостојноста на редовното истражување на пазарот и на потрошувачите на „островот“. Здружението ги регистрира и анализира оцените на 45.000 лица, за нивното задоволство од 260 компании од 13 сектори, кои се активни на целата територија на Обединетото Кралство.
Просечниот индекс кај автомобилските марки е 78,9, кај Suzuki тој достига вредност 83
Со индекс 83, Suzuki е водечка меѓу 24-те автомобилски марки, чијшто просечен индекс изнесува 78,9. Тоа е највисок индекс и најдобар пласман за Suzuki, откако Здружението на потрошувачи почна да го објавува барометарот на задоволство во 2008 година.
Како дел од анкетата, сопствениците на Suzuki оцениле дека дилерите на марката се најдостапни и најотворени за контакт. Покрај тоа, индексот на довербата во марката изнесува 8,6 од можни 10. Со вакви резултати е сосем логично дека корисниците потврдиле дека ќе останат верни на марката, со индекс 8,5 од можни 10.
Нобуо Сујама, главен менаџер на Suzuki GB, го коментираше големиот успех: „Горди сме на тоа што сме признаени како најдобра автомобилска марка во Индексот. Во изминативе години бевме сосредострочени на натамошното зголемување на задоволството на клиентите на Suzuki, што се ефектуираше со ова достигнување.“
Меѓу 50-те најдобро пласирани компании во индексот на задоволство на британските потрошувачи за јануари 2019 година, само пет се од автомобилскиот сектор.
Место | Марка | Јан. 19, индекс | Јан. 18, индекс | Пласман во јан. 18 |
15 | Suzuki | 83,0 | 81,5 | 44 |
16 | Honda | 82,8 | 82,2 | 33 |
16 | Kia | 82,8 | 78,8 | 111 |
37 | BMW | 81,6 | 80,8 | 58 |
45 | Skoda UK | 81,2 | 82,7 | 25 |
Suzuki Swift со титула на автомобил на годината во Индија и двомилионска продажба
Дизајнот на Suzuki Jimny им вреди злато на Јапонците
Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX
Suzuki Jimny како предводник на класичната теренска петорка
0 Comments