за

Suzuki Vitara најпродаван модел во Унгарија до септември

Suzuki има вистински погодок со новата генерација на Vitara. Новиот концепт на кросоверот се докажува особено на „домашниот“ унгарски пазар, каде што Vitara е најпродаван модел во првите девет месеци од годинава.

Со вкупно 4.238 продадени примероци во трите квартали од 2015 година, Suzuki Vitara е најпродаван модел на унгарскиот пазар на автомобили. Со пазарно учество од 15,4%, новата генерација на кросоверот на Suzuki е пред Skoda Octavia и Opel Astra, кои во првите девет месеци од годинава се продадоа во 3.581, односно 2.107 примероци. Одлично минуваат и останатите модели на Suzuki. На петтото место на најпродавани модели следи Suzuki Swift, со 1.550 примероци, додека на 11-то место во деветте месеци е Suzuki SX4 S-Cross, со 1.132 продадени возила и раст од 26,1 проценти.

Врска до тестот на Suzuki Vitara
Suzuki не мораше да бара нов идентитет како што е случај со марките-новаци во сегментот на кросовери

Ваквите продажни бројки се огледуваат и во конкурентската битка на Suzuki со останатите марки. Според продажбата до септември, Suzuki е четврта марка на пазарот, со продадени 5.051 возило и зголемување од 34,1 проценти. Пазарен лидер и натаму останува Opel, кој што исто така е „домашна“ марка на унгарскиот пазар, со вкупно продадени 6.548 примероци, за веднаш на второто место да следи Ford, со минимален заостаток и 6.333 продажби во првите девет месеци. Но, одличната прифатеност на новите генерации модели на Suzuki им ја „одзема“ продажбата на двете водечки марки Opel и Ford, кои до септември бележат пад од 11,2, односно 3,4 проценти во споредба со истиот период лани.

Десет најпродавани модели во септември во Унгарија
#  Марка и модел Септември ‘15 јан.-сеп. ‘15
1 Suzuki Vitara 1194 4238
2 Skoda Octavia 378 3581
3 Opel Astra 209 2107
4 Fiat Ducato 170 1140
5 Suzuki Swift 168 1550
6 Volkswagen Golf 159 1431
7 Ford Focus 129 1786
8 Fiat 500 126 1186
9 Suzuki SX4 S-Cross 125 1132
10 Volkswagen Passat 125 1090

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo смета дека е време на дизелот да му се каже збогум

Прегорените светилки секогаш заменувајте ги во пар