за

Три во Топ 5: Suzuki најштедлив на тестовите на What Car

suzuki ignis najstedliv anglija
suzuki ignis najstedliv anglija

Британскиот магазин What Car ги издвои десетте автомобили кои постигнале најниска потрошувачка на тестирањата во секојдневни услови на возење. Не изненадува тоа што најштедлив е автомобил со хибриден погон, исто како и фактот што станува збор за модел Suzuki. Но, со три модели на јапонската марка во Топ 5, тоа е достигнување што заслужува повеќе внимание.

Британците учат да размислуваат поразлично при изборот на автомобил. Дизел моторот сé повеќе се напушта, се преоѓа на бензин. За првиве се плаќаат повисоки даноци, паркирањето е поскапо, ограничен е пристапот во строгиот центар. Прашањето што го поставија во познатиот магазин What Car: Дали бензинците се доволно штедливи?

Мерењето на потрошувачката на гориво во реални услови на возење ги издвои десетте најштедливи автомобили. Секако дека преовладуваат малечки градски автомобили, но меѓу шампионите во штедливост се најдоа и неколку семејни компакти.

Сите модели во овој Топ 10 на What Car трошат помалку од 5,6 литри на сто километри. Со тоа се докажува дека денешните бензинци се подеднакво штедливи колку дизелите, барем кај моделите што се пласираа меѓу десетте најдобри.

10-то место за Dacia Sandero 0.9 TCe

  • Цена (во В. Британија): Од £6,945
  • Фабричка потрошувачка: 4,9 L/100 km
  • Вистинска потрошувачка: 5,35 L/100 km

9-то место за Seat Leon 1.0 TSI

  • Цена (во В. Британија): Од £19,500
  • Фабричка потрошувачка: 4,4 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,32 L/100km

8-мо место за Kia Picanto 1.0

  • Цена (во В. Британија): Од £9,500
  • Фабричка потрошувачка: 4,4 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,3 L/100km

7-мо место за Volkswagen Up 1.0 TSI 90

  • Цена (во В. Британија): Од £12,255
  • Фабричка потрошувачка: 4,4 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,26 L/100km

6-то место за Seat Ibiza 1.0 TSI

  • Цена (во В. Британија): Од £14,595
  • Фабричка потрошувачка: 4,7 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,23 L/100km

4-то место за Suzuki Baleno 1.0

  • Цена (во В. Британија): Од £12,990
  • Фабричка потрошувачка: 4,5 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,1 L/100km

4-то место за Skoda Citigo 1.0 60

  • Цена (во В. Британија): Од £7,850
  • Фабричка потрошувачка: 4,4 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,1 L/100km

3-то место за Volkswagen Up 1.0 75

  • Цена (во В. Британија): Од £10,220
  • Фабричка потрошувачка: 4,89 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 5,05 L/100km

2-ро место за Suzuki Celerio 1.0

  • Цена (во В. Британија): Од £6,490
  • Фабричка потрошувачка: 4,3 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 4,9 L/100km

1о место за Suzuki Ignis 1.2 SHVS

  • Цена (во В. Британија): Од £14,859
  • Фабричка потрошувачка: 4,3 L/100km
  • Вистинска потрошувачка: 4,74 L/100km

Како најштедлив автомобил со бензински мотор, поточно со благ-хибриден погон, се покажува Suzuki Ignis, кој иако спаѓа во класата на мини-автомобилите, ги поседува сите карактеристики на СУВ-модел. Тоа прави триумфот на јапонската марка да биде уште поубедлив – СУВ, па и најштедлив.

Под хаубата работи 1,2-литарски атмосферец, во комбинација со стартер-алтернатор и малечка батерија. Принципот во основа е познат и меѓу другото е проверен и на нашиот тест на Suzuki Swift 1.2 SHVS, со идентична погонска комбинација, кадешто ние добивме просек од 5,5 литри на сто километри – со подинамичен режим на возење.

Предноста на стартер-алтернаторот се состои во тоа што при секое сопирање, целосно запирање или само пуштање возилото да се движи под инерција, „стартерот“ се претвора во генератор и ја полни батеријата. Енергијата од неа ја користи стартер-алтернаторот при нормално поаѓање или умерено забрзување, што му потпомага на моторот и на тој начин се смалува потрошувачката на гориво. Според What Car, дури и кога ќе се избере изведбата на Suzuki Ignis со погон на сите тркала, вистинската потрошувачка изнесува 5,3 литри, што повторно е во рамките на Топ 10 штедливци.

Тест: Suzuki Vitara 1.0 Turbo GL Plus

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

Suzuki Jimny избран за најурбан автомобил во светот

Toyota и Suzuki се подготвуваат за голема соработка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ники Лауда

Ники Лауда: Најпознатите цитати на човекот што ја имаше формулата за ѕвезда

Fiat_500-Star-Fiat-500-Rockstar

Стинг и Шеги во спот за славеничката серија на Fiat 500