149
112 shares, 149 points

Компактните кросовери се на пат да го преплават пазарот. Сите марки сакаат да бидат во игра. Но, има едно моделско име што е долго на пазарот: Suzuki SX4 во втората генерација докажува дека искуството е голема предност.

Еден ден сите возила ќе бидат теренци, вклучувајќи ги и најмалечките. Ако некој можеби и дал вакво предвидување пред неколку години, денес тоа се потврдува во целост. Браншата постојано лансира нови кросовери базирани на модели од градската и компакт класата, кои повеќе или помалку личат на спортски теренци, а во поглед на потрошувачката и возливоста остануваат верни на нивната основа.

Трендовите во сегментот се менуваат постојано и тоа важи како за дизајнот, така и за техниката. Оттаму произлегуваат големи разлики меѓу одделните модели во понудата. Во поглед на моторите се среќава сé, од класични погонски единици што со концепцијата датираат од пред дваесет години, до мотори скроени според принципите на даунсајзингот, штедливи и во исто време моќни.

Актуелната понуда на модерни кросовери опфаќа пет модели во дијапазон на цени меѓу 15.150 евра за Skoda Yeti до 16.950 евра за Renault Captur 1.2 TCe. Отсуствуваат единствено Opel Mokka, кој е идентичен со Chevrolet Trax, како и Dacia Duster, кој неодамна доживеа фејслифт и цените за него уште не се објавени. Прашањето во овие споредби на понудата секогаш е истото: Дали најскапиот модел е најдобар во секој поглед, или сепак може да се случи и најевтиниот меѓу нив да излезе како победник, во збирот на неговите одделни својства?

Петте најевтини кросовери во компакт сегментот

Марка и модел Моќност Ниво на опрема Редовна цена
Skoda Yeti 1.4 TSi 122 KC Active 15150 евра
Chevrolet Trax 1.6 115 KC LS 15750 евра
Suzuki SX4 S-Cross 120 KC GL 15990 евра
(14990, пром.)
Peugeot 2008 1.6 e 120 KC Active 16940 евра
Renault Captur 1.2 TCe 120 KC Expression 16950 евра

Chevrolet Trax е „теренецот“ во оваа петорка, односно модел што со изгледот е најблиску до изворната сорта. Со габаритите и со масивната појава е сличен со големиот брат Captiva, а соодветно е повпечатлив и од останатите кросовери во петорката. Заедно со Skoda Yeti е за десетина сантиметри повисок од другите. Тоа влијае и врз потрошувачката: Со 6,5 литри во просек, Trax троши 1,1 литар повеќе од најштедливиот во оваа конкуренција. Станува збор за 1,6-литарски мотор со класична конструкција, наспроти конкурентите кои имаат барем по некоја иновативна технологија. Иако каросеријата е најголема, багажникот сепак е најмал со 356-те литри. Десетината сантиметри плус во висината на каросеријата се покажуваат и во крајната брзина, каде што Trax заостанува зад најбрзиот, Peugeot со 193 km/h. Во поглед на опременоста недостигаат само незначајни ставки, како електрика на задните прозорци, патен компјутер, но и деталите на каросеријата се нелакирани. Соодветно на тоа и цената е блиска до Suzuki.

Peugeot 2008 и со изгледот и со концепцијата е поблизу до матичниот модел 208, чија што платформа користи, отколку до класичната претстава за теренско возило. Во дизајнот има само умерени цитати на робусност на теренско возило, што може да претставува плус ако возачот ја цени искреноста. Каросеријата е најкуса, заедно со Renault Captur, а соодветно и меѓуоскиното растојание и просторната понуда се помали во споредба со конкурентите. Најголемиот заостаток сепак е во носивоста. Со дозволена носивост од 374 килограми, капацитетот брзо се исцрпува со четири патници и полн багажник. Renault има близу 100 килограми поголема носивост. Багажникот исто така е меѓу најмалите, иако за ниту еден модел не може да се каже дека има малечок багажник. Моторот е релативно нов и потекнува од соработката со BMW, но постепено ја изгуби предноста во споредба со конкурентите што во меѓувреме преминаа на принципот на даунсајзинг. Релативно голема тежина во споредба со конкурентите. Потрошувачката е во просекот, перформансите се најдобри. Тоа во дел произлегува од релативно кусиот преносен однос во петстепениот менувач. Во поглед на опремата, 1.6 е достапен само со второто ниво на опрема и споредливо е со S-Cross, со само неколку поситни ставки што недостигаат. Со цената е најскап во конкуренцијата, заедно со Renault.

Renault Captur совршено излегува во пресрет на очекувањата на купувачите на компактен кросовер. Со изгледот се издвојува во уличната слика, првенствено поради умешниот спој на умерена нишка на теренска робусност и динамични линии како кај купе. Иако е за дваесетина сантиметри покус од Suzuki, меѓуоскиното растојание им е исто, па оттаму и просторноста во кабината е меѓу најголемите. Од корист е лизгачката задна клупа. Дваесетината сантиметри што недостигаат се огледуваат во багажникот – тука Renault е најмал, заедно со Peugeot и Chevrolet. Затоа, пак, погонската спрега е силна страна на францускиот кросовер. Моторот верно го следи принципот на даунсајзинг, со зафатина сведена на 1,2 литар и турбонатполнење. Тоа му дава на Captur предност во перформансите, но и во потрошувачката. Шестстепениот менувач исто така помага во обата погледа. Со нивото на опременост, Renault е блиску до единствениот Јапонец во оваа конкуренција, што на крајот се покажува и во цената: Илјада евра повеќе во споредба со редовната цена на Suzuki.

Skoda Yeti неодамна доживеа фејслифт, но основните предности на моделот се задржаа. Карактерните црти во дизајнот и натаму креираат каросерија со строги и остри линии, со кои чешкиот кросовер се издвојува во уличната слика. Со големината на каросеријата, Yeti е точно во средина меѓу најкусиот и најдолгиот во ова конкурентско поле. Заедно со Trax е најблиску до претставата за теренец, исто и со растојанието од подлогата од 18 сантиметри. Силна страна на Skoda се практичноста и рационалното искористување на кабината. Седиштата се отстрануваат и се добива огромна товарна површина – тоа се гледа во волуменот, максимално 1.580 литри. Моторот исто така му носи бодови на Yeti, но најголемата тежина во конкуренцијата, со 1.395 килограми, односно двесте килограми повеќе од Suzuki, во спој со високата силуета, оневозможува Yeti да профитира од добриот мотор во поглед на перформансите и потрошувачката. Со 6,4 литри просек, потрошувачката е само 0,1 литар под Chevrolet Trax. Со цената од 15.150 е под редовната цена на Suzuki, но тоа важи и за нивото на опременост: Недостигаат радио, далечинска контрола за централната брава, патен компјутер, а има и неколку поситни ставки што се подразбираат како стандард кај конкурентите.

S-Cross, како што гласи додавката во втората генерација на Suzuki SX4, најверно ги следи основните принципи на кросоверите и на крајот тоа му донесува победа во ова одмерување на силите на најевтините модели на нашиот пазар. Suzuki има најголема каросерија, но тоа не го користи само за прикажување, туку извлекува и корист. Меѓуоскиното растојание е најголемо, заедно со Captur, стандардната големина на багажникот исто така е најголема, дури 25 литри повеќе од практичарот Yeti. Иако во должината на каросеријата има десетина сантиметри повеќе од Skoda и дваесетина повеќе од француските кросовери, S-Cross сепак е најлесен. Пријатно изненадува и носивоста од 570 килограми, што е повеќе и од Yeti. Моторот од технологија користи само варијабилна контрола на брегастите вратила, но и тоа се покажува сосема доволно. Заедно со помалиот Captur, Јапонецот троши најмалку во оваа петорка – повторно поздрав од ниската тежина. Тоа му дава предност и во автономијата. Со 870 километри со полн резервоар, при патување мора да се запира помалку отколку со Chevrolet, кој мора да дополнува 55 километри порано. На крај доаѓа и опремата. Во ниту еден поглед Suzuki не заостанува зад поскапите конкуренти, туку напротив, често пати е во предност. Тоа е сепак вообичаена политика на Suzuki. За победата да биде уште поубедлива на крајот придонесува и промотивниот попуст од 1.000 евра, со што S-Cross меѓу неговите доблести ја приклучува и најниската цена во конкуренцијата.

Обем на сериска опрема

  Suzuki SX4 Chevrolet Trax Peugeot 2008 Renault Captur Skoda Yeti
ЕЅР С С С С С
Воздушни перници 7 6 6 4 2
Клима уред / авто. С/- С/- С/- С/- С/-
Радио / команди на волан С/С С/С С/С С/С
Местење волан вис./ длаб. С/С С/С С/С С/С С/С
Висинско местење воз. / сов. седиште С/С С/- С/- С/- С/С
Централна брава со дал. С/С С/С С/С С/С С/-
Ел. прозорци напр. / наз. С/С С/- С/- С/С С/-
Патен компјутер С С С
Темпомат С С С С
Потпирач за рака напред С
Контрола на притисок во гуми С С
Лакирани детали на каросерија С С С

Легенда: С = во серија; – = не се нуди или само со доплата

 

Технички податоци

  Suzuki SX4 Chevrolet Trax Peugeot 2008 Renault Captur Skoda Yeti
Пазарно деби 10/2013 5/2013 4/2013 6/2013 10/2013
Мотор и погон
Бр. цилиндри / вентили 4/16 4/16 4/16 4/16 4/16
Раб. Зафатнина [cm3] 1586 1598 1598 1197 1390
Моќност [КС/min] 120 при 6000 -1 115 при 6200-1 120 при 6000-1 120 при 4900-1 122 при 5000 -1
Врт. Момент [Nm/min] 156 / 4400 -1 155 / 4000-1 160 / 4250 -1 190 / 2000 -1 200 /1500 -1
Погон Напред Напред Напред Напред Напред
Менувач 5 степени 5 степени 5 степени 6 степени 6 степени
Димензии и тежина
Д х Ш х В [cm] 430х177х158 435х177х168 416х174х156 412х178х157 422х179х169
Меѓу. раст. [cm] 260,0 255,5 253,8 260,6 257,8
Растојание од подлога [cm] 15,8 18,0
Круг на вртење [m] 10,9 10,4 10,3
Багажник [L] 430/- 356 / 1372 360/1194 377/1235 405/1580
Празно возило [kg] 1160 1290 1270 1255 1395
Дозв. Тежина [kg] 1730 1787 1644 1726 1940
Носивост [kg] 570 497 374 471 545
Приколка со сопир. [kg] 1200 1200 1270 1200 1300
Товар на покрив [kg] 75 75 80 100
Перформанси
Крајна брзина [km/h] 180 173 196 192 185
0-100 km/h [s] 11,0 12,3 9,5 10,9 10,6
Потрошувачка [L/100 km]
Град 6,6 8,2 7,7 6,6 7,9
Пат 4,8 5,5 4,8 4,7 5,5
Просек 5,4 6,5 5,9 5,4 6,4
СО2 [g/km] 125 153 135 125 148
Резервоар [L] 47 53 50 45 60
Автономија [km] 870 815 847 833 938

Like it? Share with your friends!

149
112 shares, 149 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730