Suzuki продолжува да напредува, со комплетно обновена моделска гама и со најава за масовно воведување на хибридниот погон SHVS. Во меѓувреме, Suzuki Swift бележи рекордни продажби на индискиот пазар, со 100.000 продадени примероци за 145 денови. Заслужено, титула на автомобил на годината
Локално произведуваната изведба на Suzuki Swift за индискиот пазар е прогласена за најдобар автомобил за 2019 година. Глобално популарниот модел на јапонската марка започна со продажба на индискиот пазар во 2005 година и единствен модел е што во секоја своја генерација досега ја освојувал титулата на автомобил на годината. Swift првпат победи на индискиот избор во 2006 година, а потоа триумфот се повтори и во 2012 година.
Индијците го сметаат Suzuki Swift како премиум комбилимузина, со спортски изглед и динамични возни својства
Во продажба на индискиот пазар од лани, третата генерација на локалната верзија на Swift ужива статус на премиум комбилимузина меѓу индиските возачи, кои посебно ги ценат спортскиот стил, одличните возни својства и големата практичност во секојдневието. Производството се одвива во локалната фабрика Suzuki Motor Gujarat, додека продажбата се одвива преку мрежата на Maruti Suzuki India.
Од стартот на моделот, во Индија се продадени повеќе од два милиони примероци. По почетокот на продажбата во ланскиот јуни, Swift постигна индиски рекорд, како најбрзо продаван автомобил. Бројката од 100.000 продадени примероци беше достигната за само 145 денови. Менаџментот во меѓувреме ја зголеми и продукцијата, заради задоволување на големиот интерес на пазарот.
Maruti Suzuki држи околу 50 проценти од индискиот пазар. Само во декември се продадоа 119.000 возила, додека во периодот меѓу април и септември лани, во фабриката во Индија се произвеле над 919.000 возила од марката Suzuki.
Suzuki бележи одлична продажба и на домашниот пазар
Корпорацијата Suzuki Motor пред кусо време ги објави и продажбите за јапонскиот пазар. Меѓу јануари и ноември лани, продажбата во земјата постигнала 663.118 примероци. Тоа претставува зголемување од 107% во споредба со истиот период лани, односно осум месеци континуиран раст. Најголемиот дел од продажбата, односно близу 545.000 возила, спаѓаат во таканаречената Кеи-категорија, којашто има посебни даночни и други олеснувања. Услов за модел да спаѓа во оваа категорија е да не биде подолг од 3,4 метри, поширок од 1,48 метар и да има мотор со зафатнина до 660 сантиметри кубни.
Паралелно расте и јапонската продажба на поголемите модели на Suzuki, и тоа веќе 15 месеци во континуитет и со стапка на раст од 116% во споердба со лани. Suzuki моментно е втора најголема автомобилска марка во Јапонија, со пазарен удел од 14,1 проценти, како и осми најголем производител на автомобили во светот.
Дизајнот на Suzuki Jimny им вреди злато на Јапонците
Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX
Suzuki Jimny како предводник на класичната теренска петорка