за

Suzuki Swift со нов економичен мотор

Новиот мотор 1.2 DualJet троши до половина литар помалку и со тоа дополнително ја истакнува штедливоста, како еден од главните адути на популарниот Swift.

Swiftе присутен на европскиот пазар веќе полни три децении и го привлекува интересот на купувачите со комбинацијата од штедливост, спортска нота и солидна техника. Четвртата генерација на моделот доби нов мотор којшто ќе биде достапен во втората половина од годинава.

Новиот мотор 1.2 DualJet со 90 КС се нуди во комбинација со пакетот Eco+ и достапен е само со повисоките нивоа на опременост. Главното тежиште во развојот на пакетот Eco+ е во натамошно намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на СО2. Со многубројни зафати на оптимизација на моторот, менувачот и аеродинамиката, потрошувачката на гориво се намали за половина литар, на 4,4 l/100 km, додека емисијата на СО2 изнесува 100 g/km, односно 13 g/km помалку.

Вшприцувањето DualJet е следна фаза од развојот на познатото вшприцување во повеќе точки, при што секој цилиндар добива по уште еден вентил за вшприцување. Во комбинација со дополнителни модификации на моторот, тоа придонесува за подобрено и поефикасно согорување на смешата од гориво и воздух. Степенот на компресијата е зголемен на 12,0:1, додека максималниот вртежен момент изнесува 120 Nm при 4.400 вртежи во минута.

Новиот преносен однос во менувачот е специјално дотеран според моторот DualJet и придонесува за намалена потрошувачка на гориво, при непроменети перформанси. Висината на каросеријата на специјалниот модел е намалена за околу 10 милиметри, со цел да се подобри аеродинамиката. Паралелно со воведувањето на еко-моделот, Suzuki ја збогати и понудата на бои со аметист сива металик боја, а двобојната каросерија што досега беше достапна само за специјалниот модел за 30-годишнината, отсега може да се нарача и за стандардните модели во гамата на Swift.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota произведе 10 милиони автомобили во Кентаки

Овие автомобили задржуваат најмногу од вредноста по 4 години