за

Suzuki е автомобилскиот партнер на Санремо 2020

Suzuki Санремо 2020
Suzuki Санремо 2020

Голема чест за Suzuki е изборот за автомобилски партнер на Санремо, на најпопуларната манифестација во Италија. Марката од Хахамацу лани имаше рекордна продажба на италијанскиот пазар, меѓу другото благодарејќи на верзиите со благ хибриден погон.

Фестивалот Санремо го избра Suzuki како официјален партнер за 70-то издание, коешто ќе се одржува меѓу 4-ти и 8-ми февруари во традиционалниот амбиент на театарот Аристон. Тоа ќе биде голема чест и престиж за марката од Хамамацу, да биде дел од овој настан што наидува на гледаност ширум светот.

Италијанскиот музички фестивал во Санремо е најпопуларна манифестација во земјата, којашто воедно поттикнува и голема активност на социјалните мрежи. Најважниот настан на италијанската сцена ќе се пренесува во живо преку евровизиските канали.

За јубилејното издание во 2020 година се очекува да постигне рекордна покриеност во медумите, меѓу другото и поради присуството на Амадеус на бината во Аристон, кој е воедно и уметнички директор.

Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX

За возниот парк за Фестивалот, Suzuki стави нагласок на моделите со благ хибриден погон, кои постигнаа висок удел во продажбата на марката на италијанскиот пазар во минатата година. Марката од Хамамацу имаше рекордна продажба во Италија во 2019 година.

Напролет во понудата на Suzuki се очекуваат нови моделски изведби со класичен и со благ хибриден погон во гамата на Vitara, S-Cross и Ignis.

Санремо е музички фестивал и…

https://www.instagram.com/p/B6_k2rMHsyj/

https://www.instagram.com/p/B7TgmPrnkJT/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi

Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi

skoda kamiq scoutline

Skoda Kamiq доби изведба Scoutlinе, им намигнува на авантуристите