за

Suzuki им нуди S-Presso на индиските возачи

Suzuki S-Presso
Suzuki S-Presso

Индискиот автомобилски пазар се раздвижува сé повеќе, како што се потврдуваат очекувањата за следниот голем продажен бум, по пазарот во Кина. Suzuki таму е речиси на домашен терен. S-Presso е вистинско освежување, не само според името, туку и според содржината.

Maruti Suzuki го претстави мини СУВ-моделот S-Presso, по долги најави и со големи очекувања, особено по појавувањето на неколку интересни возила во тој сегмент, меѓу кои и Renault Kwid. Малечкиот СУВ е дизајниран локално и ќе се продава локално, но е можно дека и неколку блиски пазари ќе го добијат новиот модел од специјалистот Suzuki.

За условите на возење во земјата е важно тоа што 40% од каросериската структура е изработена од челик со висока цврстина. Основата доаѓа од петтата генерација на платформата Heartect, што значи дека во поглед на конструкцискиот пристап, S-Presso не се разликува од моделите што се продаваат во Јапонија или Европа. Возилото е долго 3.565, високо 1.564 и широко 1.520 милиметри, меѓуоскиното растојание изнесува 2.380 милиметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Шефот на Maruti Suzuki, Кеничи Аикава, при претставувањето на новиот модел посочи дека станува збор за нивниот осми модел во земјата, којшто исполнува строги норми за издувни гасови – Индија воведе построг третман во поглед на штетните емисии од сообраќајот, откако нивото на загаденост на воздухот достигна алармантни ведности.

Зголеменото растојание од подлогата и робусната конструкција се услов за индискиот пазар, поради условите во патната мрежа во земјата

Робусниот изглед на СУВ доаѓа и со зголемено растојание од подлогата. Свеж детал во внатрешноста е тркалезната форма на средишната конзола, во којашто е сместен дигитален брзиномер и дисплеј за ракување со инфо-забавниот систем. Поврзувањето со паметен телефон функционира, исто како и подршката за гласовни команди. Во топ-нивоата на опрема се вградува и навигација.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Под хаубата работи еднолитарски бензинец со фабрички код K10, со моќност од 68 КС и вртежен момент од 90 њутнметри. Просечната потрошувачка според фабрика изнесува 4,6 литри.

Ценовникот за основната моделска изведба на Suzuki S-Presso на индискиот пазар почнува од 369.000 рупии, односно околу 4.700 евра, додека за топ-моделот се потребни околу 6.400 евра, вклучувајќи роботизиран менувач.

S-Presso е втор модел на Suzuki со име на тема кафе, прв беше легендарниот Cappucchino

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3

Tesla Model 3 во Холандија се продава подобро од Volkswagen Polo

MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси

MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси