141
30 shares, 141 points

Во ланската деловна година, сметано од април 2017 до март 2018, осмиот најголем производител на автомобили во светот продал 3,22 милиони возила. Тоа е пораст од 10,5 проценти во споредба со претходната година. Само на домашниот пазар се продале 668.000 автомобили (+4,6%) на Suzuki. Порастот во продажбата е уште поголем на глобално ниво. Специјалистот за погон на сите тркала и малечки автомобили лани ја зголемил продажбата за 12,1 проценти на извозните пазари.

Производството исто така бележи пораст, на 3,34 милиони возила (+8,6%). Од јапонските фабрики излегле 971.000 возила (+11,5%), од коишто 198.000 возила (+42,7%) се извезени, најмногу на европскиот пазар. Рекордна вредност постигнало и производството во фабриките во странство, со 2,37 милиони возила (+7,4%).

Продукцијата на Suzuki во ,март годинава пораснала за повеќе од 10 проценти

Мартовското производство најавува уште една рекордна година за Suzuki. Во фабриките надвор од Јапонија се произведени 224.000 автомобили (+10,9%), што е нов месечен рекорд во историјата на марката. Заедно со производството во Јапонија, во минатиот месец во светот се произведени вкупно 316.000 автомобили со знакот на Suzuki. Во последните 15 месеци, јапонскиот специјалист бележи рекорд по рекорд.

Suzuki Swift меѓу трите финалисти за светски автомобил

Suzuki вози кон нова рекордна година

Запознајте го Suzulight, првиот автомобил на Suzuki од 1954

Унгарија го произведе тримилионитиот Suzuki

Новиот Suzuki Swift во лимузинска изведба – само за Индија

Тест • Suzuki Vitara 1.6 AllGrip GL PLus


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
30 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *