за

Suzuki вози кон нова рекордна година

suzuki swift sport

Во првите девет месеци од деловната година Suzuki бележи зголемување во продажбата, прометот и заработката. Голем раст има на европскиот пазар, што е резултат на одличната продажба на новиот Swift, но и на Ignis, Vitara и SX4 S-Cross.

Suzuki е на пат кон нова рекордна година. Во првите девет месеци од деловната година којашто завршува во март, јапонскиот производител постигнал продажба од 2,37 милиони возила. Марката во историјата нема продадено повеќе возила во период од три квартали. Растот во продажбата изнесува 11,5 проценти во споредба со истиот период во ланската деловна година.

Прометот и заработката на автомобилскиот огранок на Suzuki исто така бележат голем скок во првите девет месеци од тековната деловна година. Прометот достигнал 19,3 милијарди евра или за 20,9 проценти повеќе, што укажува на зголемената продажба на возила од повисоките ценовни сегменти. Заработката, пак, пораснала за 53,2 проценти, на 1,93 милијарда евра. Според производителот, тоа е резултат од намалените трошоци и од поволниот валутен курс.

Suzuki постигнува голем раст во продажбата на европскиот пазар

Меѓу најголемите растечки пазари е Европа. Главен носител во продажбата е новата генерација на Swift, но и микро-теренецот Ignis, класичарот Vitara и кросоверот SX4 S-Cross. Европскиот пазар регистрирал за 18,9 проценти повеќе возила на Suzuki, односно вкупно 204.000 примероци.

Пазарот во Јапонија исто така бележи плус 6%, со вкупно 468.000 продаден возила. Далеку најголем пазар на глобално ниво е Индија, кадешто отпаѓа повеќе од половина од продажбата. Таму се продале вкупно 1,23 милион возила (+15,5%), главно од помалите модели на марката.

Запознајте го Suzulight, првиот автомобил на Suzuki од 1954

Специјалистот за терен: Suzuki со три варијанти на погонот на сите тркала Allgrip

Тест • Suzuki Vitara 1.6 AllGrip GL PLus

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GFG Style Zeneva, Џуџаро

Џуџаро пристига со електрична лимузина на салонот во Женева

mercedes kina

Кинезите му се лутат на Mercedes поради еден цитат