165
52 shares, 165 points

Suzuki Jimny продолжува да се трка во две категории во изборот за светски автомобил на годината. Малечкиот теренец се бори за титулите за најдобар градски автомобил и за најдобар дизајн.

Suzuki Jimny е несомнено едно од најголемите и најпријатни изненадувања на пазарот. Јапонскиот специјалист за мали возила и погон на сите тркала ja најде веројатно единствената празнина на пазарот и понуди докажано способна техника за теренско возење, со ретро стил. Резултатот: Контингентите планирани за цела година се распродадоа за само еден месец по пазарниот старт на Jimny во повеќето европски земји.

Погодокот на Suzuki се потврдува и во изборот за светски автомобил на годината. Jimny ја „пропушта“ битката за најдобар автомобил во светот за 2019 година, кадешто во финалето продолжуваат електричните Audi e-tron и Jaguar I-Pace, и класично шведскиот Volvo S60/V60, но затоа останува во трка во две категории во изборот: За најдобар градски автомобил и за најдобар дизајн.

Suzuki Jimny се натпреварува со Kia Soul и Jaguar I-Pace, во две различни категории на изборот за светски автомобил на годината

Во првата категорија, соперници на Suzuki Jimny во финалето се Kia Soul и Hyundai Santro. Во категоријата за најдобар дизајн на годината, имињата со кои се соочува мини-теренецот се Jaguar I-Pace и Volvo XC40. Влезот на Jimny во самото финале на изборот беше објавен попладнево, на салонот во Женева.

Suzuki не е ново име во изборот. Пред две години, Ignis исто така се најде во финалната тројка, во категоријата за најдобар градски автомобил во светот, а лани тоа го повтори Swift. Со сегашниот пробив на Jimny, јапонската марка три години по ред има свој модел во финалето на изборот.

Навидум малечок, а со носечка рамка како теренец од најпрекален вид, а згора на тоа и со редуктор, Jimny успеа многу и со тоа што се најде во Топ 10 од вкупно 40 модели кои се кандидираа за главната титула во изборот на светски автомобил за 2019 година.

Во меѓувреме Suzuki Jimny пристигна на тест во Аутомедиа. Наскоро следат и впечатоците од тестот.

Suzuki Jimny во славната серија Black Bison на јапонскиот тјунер

Suzuki Jimny во полуфинале за светски автомобил на годината

Дизајнот на Suzuki Jimny им вреди злато на Јапонците

Suzuki Jimny како предводник на класичната теренска петорка

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
52 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format