за

Suzuki Jimny во полуфинале за светски автомобил на годината

suzuki jimny svetski avtomobil 2019

Suzuki мина уште едно претфинално гласање во изборите за најдобар автомобил на годината. Овојпат е редот на Suzuki Jimny, кој понатаму ќе се бори за титулата за светски автомобил на 2019 година.

Малечкиот теренец, со погодени димензии за градското секојдневие, но и со гени на дивокоза наследени од претходниците, понатаму ќе се натпреварува во три категории на изборот. Далеку е од првпат, Suzuki да се бори во изборот на светско ниво, кадешто решаваат гласови на повеќе од 80 автомобилски експерти од цел свет. Во 2017 година и во 2018 година, прво Ignis, а по него и Swift, победија во категоријата на најдобар градски автомобил во светот.

Suzuki Jimny salon Makedonija

По првиот круг гласање, Suzuki Jimny продолжува во натпреварот за најдобар градски автомобил во светот, против четири модели (Audi A1, Hyundai Santro, Kia Soul, Seat Arona). Втората трка е за најдобар дизајн, и секако, најважен е исходот од меѓусебното соочување меѓу десетте финалисти за титулата на светски автомобил на годината.

Десетте финалисти во изборот за светски автомобил на 2019 година
  • Audi e-tron
  • BMW серија 3
  • Ford Focus
  • Genesis G70
  • Hyundai Nexo
  • Jaguar I-Pace
  • Mercedes-Benz A-Class
  • Suzuki Jimny
  • Volvo S60/V60
  • Volvo XC40

Следната фаза е прогласувањето на трите финалисти во одделните категории на изборот, што ќе се случи на салонот во Женева, на 5-ти март. Светскиот автомобил за 2019 година ќе биде објавен на 17-ти април, за отворањето на салонот во Њујорк, заедно со победниците во категориите на изборот.

Новата генерација на Suzuki Jimny стартуваше со продажба на јапонскиот пазар во минатото лето, потоа следеше европска премиера на салонот во Франкфурт во септември, а моделот веќе неколку месеци е достапен и на нашиот пазар.

Оригиналниот пристап при развојот на моделите на Suzuki никогаш не се издвојувал толку силно колку во последниве години, додека целосно се обновува моделската гама

Концептот остана непроменет од претходниот Jimny. Повеќе нагласок е ставен на дизајнот, кадешто се комбинираат ретро елементи и модерна техника. Моторот располага со значително повеќе њутнметри, што во дел се должи и на зголемената работна зафатнина од 1,5 литар. Моќноста исто така порасна на 102 КС. Од неколку варијанти на погон на сите тркала што Suzuki ги користи за својата моделска гама, во Jimny се вградува најнапредниот и воедно најробусниот, AllGrip Pro. Теренската редукција е стандард.

Стандардно се вградуваат неколку системи за асистенција, меѓу кои самостојно запирање при опасност од судир и систем за следење лента. Редовнат цена на основниот модел изнесува 15.900 евра на македонскиот пазар.

Британските возачи најзадоволни од Suzuki

Suzuki Swift со титула на автомобил на годината во Индија и двомилионска продажба

Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX

Suzuki Jimny како предводник на класичната теренска петорка

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Волан лево, волан десно: Разлики, причини, историја

загаден воздух дизел штетни материи

Унгарија и Чешка со тужби поради загадениот воздух од увозот на стари дизели