157
33 shares, 157 points

Тоа што Suzuki Jimny ѝ значи на јапонската марка не е различно од значењето на G-Class за Mercedes. Можеби и по малку позначајно. Малечкиот, а способен теренец, стартува со продажба во Македонија

Квинтетот теренски легенди е речиси целосен. Mercedes годинава ја пушти новата генерација на G-Class, потоа Lada предизвика масовна реакција на светската сцена со концептот за наследникот на Niva, а својот удел го даде и Suzuki, со стартот на производството на новиот Jimny летово. Лани се случи генерациска смена и кај Jeep Wrangler, останува уште Land Rover Defender. Од овие пет модели што најверно ја претставуваат – и реализираат – оригиналната замисла за теренско возило, најдалеку „извозе“ Suzuki Jimny. Тој е единствениот во оваа легендарна четворка што веќе е достапен за македонските фанови на теренското возење. За тие што допрва ќе станат фанови, исто така.

Suzuki Jimny Salon 1

Увозникот Миркат го изложи првиот примерок од новиот Suzuki Jimny, кој деновиве и ќе го напушти салонот, бидејќи веќе има сопственик за него. Не е изненадување тоа што менаџерите пријавуваат висок интерес и за овој модел на Suzuki, како континуитет што се провлекува уште од SX4 S-Cross и продолжи со Vitara, Baleno, Ignis, Swift, со фејслифтот на S-Cross, на Vitara … сé до претстојното освежување на Celerio, како еден од најдостапните модели на пазарот, или до најавеното воведување на хибридниот погон во Vitara. Во целата гама на јапонската марка не постои модел од чијашто генерациска смена или моделско освежување минале повеќе од две години. Темпото на освежување на моделската понуда е како кај мотоциклите на Suzuki, тоа е уште едно постигнување што мора да ѝ го признаеме на оваа марка.

Најверниот опис би бил: Suzuki Jimny е тоа што никогаш не му успеа на Jeep Renegade

По првата средба во живо со Suzuki Jimny можеме да потврдиме дека неговата моделска традиција продолжува со погоден стил, кој вешто балансира меѓу препознатливите елементи на класичните теренци и модерните дизајнерски зафати, додавајќи современи технолошки детали, како диодните дневни светла. Изгледот, веројатно ќе привлече нов круг купувачи кај Jimny, овој автомобил едноставно има потенцијал да започне нов тренд.

Suzuki Jimny Salon 3

Мора да им се признае на јапонските специјалисти за малечки автомобили – и за погон на сите тркала – за нивната истрајност во почитувањето на оригиналниот концепт од 1970-те години. Верзија со пет врати и натаму не се нуди, иако тоа би донело уште повеќе купувачи. Jimny е еден од носителите на имиџот на марката и радикални промени кај него би предизикале промени во целата марка.

За големиот малечок теренец во актуелното издание важи: Сé е сменето и ништо не е сменето. Каросеријата и натаму се потпира на носечка рамка, погонот на сите тркала се вклучува рачно, редукторот е стандард и се користи крута оска напред и назад, заради предностите што таа ги нуди при теренско возење.

На местото на 1,3-литарецот од претходникот доаѓа 1,5-литарец со 102 КС и 130 њутнметри, со варијабилна фаза на брегастото вратило за вшмукувачкуиот тракт, и со долг óд на клиповите, кој во принцип обезбедува пристојно повлекување при најниски вртежи. Тоа е важно на екстремен терен, во случај кога секакво пролизгување на тркалата е непожелно – „детали“ што инженерите на Suzuki не ги пропуштаат.

Suzuki Jimny Salon 4

Ценовникот започнува со Jimny 1.5 GL, со промотивна цена од 15.000 евра, наспроти редовната цена од 15.900 евра. Повисокото ниво на опрема GLX чини 1.770 евра повеќе, а се нуди и верзија со четиристепен автоматски менувач, со редовна цена од 17.270 евра, со ниво на опрема GL.

Напредни системи за асистенција како стандард во Jimny: Пазарот допрва ќе учи да ги цени повеќе од алу-бандажи и магленки

Сериската опрема опфаќа клима уред, радио со команди на волан, магленки, автоматско долго светло, предупредување при опасност од судир и самостојно запирање, систем за следење лента, темпомат, помош при спуштање по стрмна надолнина, грејачи во предните седишта – покрај вообичаените ставки. Со второто ниво на опрема GLX следи автоматика за клима уредот, алу-бандажи, кожа на воланот, инфо-забавен систем со дисплеј од 7 инчи на допир, грејачи во ретровизорите и диодни предни светла.

Деновиве имавме на тестирање друг модел на Suzuki, нека биде изненадување кој е моделот. Како најава за скорешното објавување на тестот, тој е најдостапниот автомобил во Македонија со радарски темпомат, со (благ) хибриден погон и со „тврдоглава“ потрошувачка од 5,5 литри бензин.

Suzuki Jimny во салонот на Миркат

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Suzuki Jimny заслужува да се нарече теренец

Suzuki се збогува со дизел моторите

Suzuki првпат продаде над три милиони автомобили

Suzuki Swift меѓу трите финалисти за светски автомобил>


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
33 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743