137
56 shares, 137 points

Suzuki си навлече голем проблем, но сладок проблем со новиот Jimny. Малечкиот теренец е комплетно распродаден на повеќето од големите пазари низ Европа. Дури и македонскиот увозник го потврдува феноменот и има за испорака вкупно дваесетина примероци до почетокот на летово. Комбинацијата од ретро-шарм и теренска способност се покажа неодолива.

Доколку се нарача примерок во носечките европски пазари, како Германија или Франција, испораката би следела дури во 2021 година. Како резултат од големата побарувачка, на онлајн-платформите за тргување со автомобили се појавија понуди кои ја надминуваат реалната куповна цена на Suzuki Jimny и за повеќе од 10.000 евра. Што се случи?

New photo by Automedia MK / Google Photos

Suzuki Jimny в година навршува половина век, вклучувајќи ги генерациите кога мини-теренецот се продаваше како LJ и SJ. Малечкиот и темпераментен автомобил уште од „памтивек“ е посебно ценет и баран кај неговата природна клиентела, а тоа се ловците, шумарите и сервисерите на ски-лифтови. Но, минито со големи теренски способности подеднакво е обожуван и од дамите, особено оние што поседуваат сопствен тркачки коњ или имаат постојана придружба од златен ретривер. Jimny се појавува дури и како тренди-мобил, управуван од убавици на коишто булеварот им го следи секој чекор.

Suzuki Jimny не признава класа и статус, тој е поправач на расположението, автомобил со когошто не може да се биде во погрешно време и на погрешно место

„Проблемот“ за Suzuki е во тоа што моделот достигна врв во стилската еволуција во тековнава генерација. Тоа важи насекаде, и во домашната Јапонија, кадешто моделот беше распродаден за две години уште пред да стартуваат испораките. Ваквата еуфорија порано беше вообичаена за новите кабриолети и родстери на Mercedes. Вештите (и соодветно парично подготвени) трговци купуваа еден или неколку примероци и ги продаваа по многу повисока цена, отколку во салон. Како возврат за екстра-доплатата, во автомобилот можеше да се седне веднаш, место да се чека половина година или повеќе.

Резултати од пребарувањето на Мобиле

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најголема заслуга има тоа што Suzuki Jimny важи како бескласен автомобил. Тој што ги исмева неговите димензии, самиот станува предмет на исмевање на булеварот. И, воопшто „не пречи“ тоа што автомобилот е малечок. Буквално е посложена процедурата да се затвори вратата, отколку да се паркира Jimny.

Единствено уште Lada 4×4 ја нуди комбинацијата од компактни димензии, пристојна цена и неверојатна теренска способност

Уште еден фактор што придонесува за успехот е уникатноста. Освен Lada 4×4, не постои друг модел кој комбинира компактни димензии и теренска способност. Но, разликата е во тоа што Lada повеќе е робусна машина за пробивање по теренот, отколку што е автомобил за возење по мазен асфалт. Со сета должна почит кон неа. Покрај тоа, Suzuki во поглед на техниката е сосем во чекор со времето. Jeep Wrangler, пак, едноставно е прескап за во ова друштво.

Suzuki Jimny до пред неколку денови беше на тестирање во Аутомедиа. Повеќе за впечатоците можете да прочитате тука.

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

Импресија • Suzuki Jimny 1.3 VVT


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
56 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format