126
19 shares, 126 points

Suzuki Jimny останува верен на својот строг теренски концепт, со носечка рамка, крути оски, редукција. Во исто време има камера за сообраќајни знаци, диодни светла и врска со паметен телефон. Ова е модерен класичар, со најнов датум на производство

Компактни димензии, ниска тежина и неограничена теренска проодност. Овие својства го претворија малечкиот теренец во легенда меѓу вистинските љубители на теренското возење. По две децении од појавувањето на првата генерација и по близу половина век традиција на погонот на сите тркала во Suzuki, есенва пристига новата генерација на Jimny.

Изгледот на новиот Jimny комбинира елементи од трите претходни генерации, а внатрешноста нуди поголема практичност и функционалност. Должината е 3.645 милиметри, односно пет сантиметри помалку од претходникот. Тоа е усовршување на концептот, фановите на Jimny сигурно нема да западнат во паника од тоа.

Нов мотор од 1,5 литар со 102 КС и 15% пониска тежина од претходникот

Носечката рамка останува како основа, зајакната и во комбинација со крути оски напред и назад, со надолжни водилки и панардов лост. Погонот на сите тркала AllGrip Pro се вклучува мануелно, има и теренска редуција. Нов е моторот од 1,5 литар со моќност од 102 КС, на местото на 1,3-литарецот со 86 КС.

Suzuki Jimny pretstavuvanje 4

Рамната хауба, исправените предни столбови и засекот во долниот раб на страничните прозорци одат во корист на прегледноста. Црните бандажи од 15 инчи, коишто се стандард во нивото Comfort, потсеќаат на постарите теренци на Suzuki. Детал од старите времиња, но мошне корисен, се собирните жлебови за вода на покривот – нема слевање вода врз седиштата при отворање врата.

Во препознатлив стил се и задните светла кои се вградени во браникот, како поздрав од претходникот. Тоа не е само заради зачувување на класичниот стил, туку има практична вредност. На тој начин се овозможува отворот на багажникот да биде поширок.

Седум бои стојат на располагање за каросеријата, вклучувајќи и три двобојни комбинации, со црн покрив. Има и две нови бои: Дречливо жолта и џунгла-зелена.

Вертикалните линии во кокпитот имаат корисна функција при возење по екстремен терен: Тие се ориентир

Кокпитот се опишува во три збора: Едноставен, прегледен, функционален. Вертикалните линии повторно не се случајност. Искусните возачи умеат да ги користат како репер за наваленоста на возилото при возење по терен. Површините се отпорни на гребење, сите прекинувачи и команди се изведени да може со нив да се ракува и со нараквици.

Suzuki Jimny pretstavuvanje 5

Со соборување на поделената задна клупа се добива товарен простор со зафатнина од 377 литри, сметано до долниот раб на прозорците. Тоа се 53 литри повеќе од претходно. Во нивото Comfort+ се вградува преграда, којашто прави подот на багажникот да биде целосно рамен. Задните седишта се обложени со пластика одзади, исто како и подот на багажникот, заради полесно чистење.

Носечката рамка доби неколку зајакнувања, коишто би требало да се почувствуваат и во возниот комфор и во стабилноста. Со неколку зафати во предната оска се смалени вибрациите кои се пренесуваат од подлогата врз воланот, а воедно се подобрува и прецизноста. Тоа е добредојдено подобрување во споредба со претходникот, којшто пред повеќе години беше на тест во Automedia.

Крутите оски се незаменливо решение кога се совладуваат предизвикувачки пречки

Спомнатите зајакнувања во рамката се новиот X-носач и двата попречни носачи. Импресивни се вредностите што најмногу им значат на љубителите на теренското возење: Агол на пристап од 36 степени, агол на излез од 48 степени и агол на рамка од 27 степени. Што се однесува до крутите оски, тие функционираат најдобро во екстремни услови. Пример: Ако десното тркало се подигне во воздух при совладување пречка, цврстата врска го притиска левото тркало надолу и со тоа ја подобрува тракцијата.

Рачката за бирање на работниот режим на AllGrip Pro е меѓу седиштата, со вообичаените функции: 2High, 4High и 4Low. Во случај кога две тркала дијагонално имаат послаба тракција, реагира контролата на трацкијата, којашто ја активира сопирачката на тркалото што пролизгува и го пренесува вртежниот момент на тркалата со подобра тракција. Новиот Suzuki Jimny стандардно поседува регулација на брзината при сопирање и задржување на возилото на нагорнина.

Suzuki Jimny pretstavuvanje 9

Новиот 1,5-литарски мотор е поголем, а воедно и за 15% полесен од 1,3-литарскиот VVT со две брегасти вратила во претходникот. Според Suzuki, четирицилиндарецот постигнува поголем вртежен момент во секое работно подрачје. Максималната вредност од 130 њутнметри се постигнува при 4.000 вртежи.

Преносот е преку петстепен мануелен менувач, со продолжен краен преносен однос заради пониска потрошувачка. До рачката пристигаат помалку вибрации и одовите се чуствуваат подиректно. Со доплата следи модифициран автоматик со четири степени. Тоа покажува колку оваа опција е популарна меѓу возачите на Suzuki Jimny.

Пристојна понуда од системи за асистенција и премиера за камера за сообраќајни знаци

Безбедносната опрема го следи стандардот од „цивилните“ модели на јапонската марка. Системот DSBS го предупредува возачот со звук кога сензорите ќе препознаат опасност од удар во возило или пешак, истовремено зголемувајќи го притисокот во системот за сопирање, за да се искористат драгоцените милисекунди.

Доколку возачот не реагира, системот самостојно го запира возилото, заради избегнување на судирот или намалување на последиците. DSBS е стандард во Comfort и Comfort+, исто како и препознавањето замор кај возачот, предупредувањето при напуштање лента и автоматското долго светло. Првпат во модел на Suzuki се вградува камера за сообраќајни знаци, којашто исто така е дел од стандардниот пакет во повисоките нивоа.

Suzuki Jimny pretstavuvanje 8

Информациите за нивото на опрема се однесуваат на германскиот пазар, иако не би требало да има позначајни отстапувања од спецификацијата со којашто Suzuki Jimny ќе пристигне на македонскиот пазар. На располагање се две нивоа на опрема, Comfort и Comfort+. Клима уредот е стандард, исто како и радио, блутут, команди на волан, електрика за предните прозорци, темпомат, грејачи во предните седишта, висинско местење на воланот, централна брава со далечинска команда, електрика за ретровизорите, сензор за светла и магленки.

Во повисокото ниво Comfort+ дополнително следува автоматика за климата, радио со поврзување со мобилен телефон и навигација, преграда во багажникот, кожа на воланот, греење на ретровизорите, но и диодни предни светла со миење, затемнети задни стакла, алу-бандажи од 15 инчи, ретровизори лакирано во црно и рачки на врати во боја на каросеријата.

Цените и датумот на пристигањето на Suzuki Jimny ќе следат наскоро.

Suzuki Jimny, детално претставување

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
19 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743