за

Suzuki Jimny во пикап-изведба, дело на еден и единствен човек

Suzuki Jimny Pickup - David Johnson
Suzuki Jimny Pickup - David Johnson

Вестите од автомобилската сцена не доаѓаат секогаш од големите компании, туку некогаш и еден човек е доволен да го привлече вниманието. Британец изработува пикап-изведба од Suzuki Jimny, неговата „месечна продукција“ е две возила.

Suzuki Jimny во актуелната моделска генерација постигна повеќе за само неколку години, отколку што на некои многу поголеми и помасивни автомобили ќе им успее за неколку генерации. Пазарот реагираше одушевено кога малечкиот теренец со голем имиџ се појави со комплетно нова техника, во комбинација со ретро стил.

Пробивноста по терененот остана непроменета од претходниците. За новиот Jimny се чекаше и по една година, а за нетрпеливите се создаде посебен пазар, кој нудеше примероци за испорака веднаш, но најчесто по двојно повисока цена од редовната. Потоа пристигна веста дека Suzuki ќе мора да паузира со моделот. Кога Комисијата на ЕУ на крајот на годинава ќе пресмета за секој производител, колку е просечната емисија на СО2 од сите продадени автомобили, доколку таа е над лимитот од 95 грами на километар, тоа ќе чини скапо. Jimny „вештачки“ ќе ја зголемеше СО2-емисијата на целата марка, затоа Suzuki избра да паузира со моделот. До следното.

Најголемиот феномен околу Suzuki Jimny е во тоа што еуфоријата се пренесе стопроцентно и на нашиот пазар; Увозникот добиваше повици од цел свет, дали располага со слободен примерок, дури и од Азербејџан.

Jimny ќе продолжи да живее во актуелната генерација, но како комерцијално возило. Тоа значи без задна клупа и строго за професионална примена. Некој уште се надева дека Suzuki сепак ќе вгради некој од своите еколошки „бустерџетови“ и во култниот 4х4, а веројатно и не греши.

Во меѓувреме, од Велика Британија пристига еден добар пример за тоа дека приватната, па уште и инвивидуална иницијатива, може да постигне многу. Дејвид Џонсон е човекот што пред неколку години изработил пикап-изведба од претходната генерација на Jimny, за потребите на интервентните служби во земјата. Оттогаш, вештиот техничар има изработено бројни примероци по нарачка.

По четири години „специјализација“, Дејвид неодамна го преработе и актуелниот Jimny во пикап. Британецот не можеше да направи нешто подобро од тоа за сцената на овој веќе култен модел. Повици пристигаат од цел свет, но мистер Џонсон не може да изработува повеќе од два примероци – месечно.

Толку беше сосем доволно, сцената само да види како изгледа актуелниот Jimny во пикап-изведба и да почне новиот луд бран. Џонсон ги проценува својата работа и искуство на 8.500 фунти. Толку чини преработката.

Многумина се инспирирани од делото на Британецот, за и сами да размислуваат за ваква преработка. Малку помош, зошто сцената толку лудува по идејата да го преработат Jimny во пикап. Во тој случај, возилото важи како товарно, а за него важат други лимити за СО2.

До страницата на Дејвид Џонсон: http://www.suzukijimnypickups.co.uk/

 

https://www.instagram.com/p/B-htKfcB6BO/

https://www.instagram.com/p/By9V8jnBQtH/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ја претвора фабриката во Јужна Африка во клиника

Volkswagen ја претвора фабриката во Јужна Африка во клиника

Програмери на видеоигри работат на роботски автомобили Oxbotica

Програмери на видеоигри работат на роботски автомобили