за

Suzuki Jimny избран за најурбан автомобил во светот

Suzuki Jimny svetski urban avtomobil za 2019 godina

Изборот за најдобрите автомобили во светот за 2019 година го достигна своето финале. Suzuki Jimny победи во категоријата за најдобар урбан автомобил. Прогласувањето на победниците во изборот го означи почетокот на салонот на Њујорк.

Suzuki Jimny е прогласен за најдобар урбан автомобил во светот за 2019 година. Моделот во своите претходни генерации повеќе го изгради имиџот како способен теренец, благодарение меѓу другото и на компактните димензии и ниската тежина, но токму овие квалитети се покажаа како пресудни за Jimny да биде оценет највисоко и според критериумите за градски автомобил.

Победата на Suzuki Jimny во категоријата на градски автомобили, во рамките на изборот за светски автомобил на 2019 година беше соопштена на посебна церемонија со којашто воедно беше означен и почетокот на салонот во Њујорк.

Мајк Ратерфорд, извршен директор на изборот коментира: „Ова е компанија што произведува едни од најдобрите малечки автомобили на пазарот и заслужи да ја прославува својата победа во категоријата на урбан автомобил на годината.“

Suzuki веќе има традиција да се пласира највисоко во светскиот избор. Пред две години Suzuki Ignis беше номиниран за финалето во категоријата на градски автомобили, а лани во тоа успеа и Swift. Годинава, Jimny конечно успеа да го постигне триумфот за Suzuki. Вкупно 40 модели се натпреваруваа за светските награди.

Jimny неодамна беше на тест во нашата редакција. За впечатоците од тестот може да го посетите следниов линк:

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

Сите победници во изборот за светски автомобил за 2019 година:

  • Светски автомобил: Jaguar I-Pace

  • Светски градски автомобил: Suzuki Jimny

  • Светски луксузен автомобил: Audi A7

  • Светски суперспортски автомобил: McLaren 720S

  • Светски зелен автомобил: Jaguar I-Pace

  • Светски автомобилски дизајн: Jaguar I-Pace

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLS premiera

Mercedes GLS: Меѓу теренците може да има само еден S-Class

Kia Ceed prodazba Evropa

Рекордно тромесечје на Kia во Европа: Ceed е „виновникот“