за

Suzuki со одлични оцени од возачите според анкета на What Car

suzuki vitara what car izdrzlivost
suzuki vitara what car izdrzlivost

Повеќе од 18.000 читатели на британскиот магазин What Car ја оценуваа издржливоста на своите автомобили. Suzuki е меѓу победниците во големата анкета за возила стари до пет и над пет години.

Од 31 марки што учествуваа во истражувањето на британскиот магазин What Car годинава, Suzuki е на третото место со 97,3 проценти од максимумот, односно на второ место, со 92%, во дополнителната анкета во којашто се оценуваа автомобили постари од пет години. Овие резултати се базираат врз оцените од 254 сопственици на автомобил Suzuki. Во истражувањето беа вклучени дури 218 различни модели.

Celerio се покажа најдобар во класата на градски автомобили, со 98,9% издржливост, во споредба со просечните 94,7% во класата. Меѓу СУВ-моделите во компакт класата, Vitara исто така постигнува висок пласман со 97,6%, додека просекот во класата изнесува 93,3 проценти.

Долгорочната издржливост е важна за купувачите на користен автомобил и за секој што сака автомобилот да го користи подолго време. Suzuki е меѓу малкуте марки чиишто коли остануваат издржливи со текот на годините
Стив Хантингфорд, уредник на What Car

За првите две места не треба многу погодување. Тие им припаѓаат на Toyota и на нејзината премиум марка Lexus. Пред неколку денови, Suzuki и Toyota објавија размена на удел во компаниите и натамошно проширување на соработката.

Издржливост на мини и градски автомобили стари до пет години
според читателите на What Car

МЕСТО

МАРКА И МОДЕЛ

РЕЗУЛТАТ

1.

Suzuki Celerio 2015-on

98.9%

2.

Honda Jazz 2017-on

98.3%

3.

Dacia Sandero 2013-on

97.9%

4.

Skoda Citigo 2012-on

97.7%

5.

Hyundai i10 2014-on

97.6%

6.

Toyota Yaris 2011-on

97.2%

7.

Honda Jazz 2008-2015

97.0%

8.

Toyota Aygo 2014-on

96.9%

9.

Volkswagen Up 2012-on

96.6%

10.

Skoda Fabia 2015-on

95.8%

=11.

Hyundai i20 2015-on

95.7%

=11.

Ford Fiesta 2008-2015

95.7%

13.

Renault Clio 2013-2019

94.4%

14.

Mini Hatchback 2014-on

94.3%

15.

Mazda 2 2015-on

93.9%

16.

Ford Fiesta 2017-on

93.8%

17.

Volkswagen Polo 2018-on

93.0%

18.

Fiat 500 2009-on

92.5%

19.

Seat Ibiza 2017-on

91.3%

20.

Audi A1 2010-2018

90.0%

21.

Volkswagen Polo 2009-2017

89.9%

22.

Vauxhall Corsa 2014-on

89.7%

23.

Nissan Note 2013-2017

87.8%

24.

Peugeot 208 2012-on

87.0%

25.

Seat Ibiza 2008-2017

86.0%

Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla Hybrid

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

производство на батерии електрични автомобили

Девет европски држави во сојуз за производство на батерии