за

Suzuki ќе развива возило за истражување на Месечината

ispace suzuki hakuto-r
ispace suzuki hakuto-r

Suzuki станува дел од Hakuto-R, првата комерцијална програма за истражување на Месечината. Производителот на автомобили ќе учествува во развојот на техниката на „роверот“, особено во механизмот за приземјување, како и во компактноста на возилото.

Корпорацијата Suzuki и ispace, компанија за истражувања на Месечината со седиште во Токио, објавија дека производителот на автомобили станува партнер во Hakuto-R, првата комерцијална програма за лунарни истражувања.

Клучната улога на Suzuki ќе биде структурната анализа што производителот ја користи за тестирање на своите автомобили, којашто ќе се примени во развојот на Hakuto-R, посебно во механизмот за приземјување и во амортизацијата, како и во носечките делови во структурата на возилото.

Специјалноста на Suzuki во изработката на компактни и издржливи возила ќе биде клучна и за развојот на возилото за приземјување на Месечината. Suzuki ќе ги анализира сите сценарија на приземјување и соодветно ќе го конструира механизмот за приземјување.

Претседателот Тошихиро Сузуки го коментира проширувањето на партнерството: „Чест ни е да дадеме придонес во Hakuto-R, во нивните стремежи за остварување на сонот за приземјување на Месечината. Бидејќи основната вредност на Suzuki е придонес во напредокот на општеството преку производството на малечки автомобили, го продолжуваме партнерството со Hakuto-R, започнато во 2016 година и ја подржуваме експанзијата на човечката цивилизација на Месечината.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

салон франкфурт електрични тротинети

Електро-тротинетите ќе бидат дел од салонот ИАА во Франкфурт

skoda superb domasna premiera

Добро, многу добро, одлично, Superb, Skoda