за

Suzuki Ignis во светското финале за градски автомобил на годината

Специјалистот за градски автомобили не пропушти да се пласира во финалето за најдобриот автомобил од оваа класа во светот. Suzuki Ignis ги има за противници Citroen C3 и BMW i3 во завршната трка за престижната титула. Победникот меѓу градските автомобили ќе биде познат веќе во април, заедно со победниците во останатите класи во изборот.

Suzuki се потврдува како специјалист за градски автомобили со пласманот на новиот Ignis во завршницата од изборот за најдобар автомобил од оваа класа во светот. На 13-ти април ќе биде познато дали титулата ќе им припадне на Јапонците или на конкурентите BMW i3 (94Ah) и Citroen C3.

Во оваа класа на изборот спаѓаат автомобилите покуси од четири метри, коишто се наменети за секојдневно користење и се продаваат најмалку на два континента, почнувајќи од пролетва.

Жирито на изборот за светски автомобил на годината со повеќе од 70 членови прво ја состави листата од осум кандидати, на којашто покрај урбаниот кросовер Ignis се најде уште еден модел на Suzuki, новиот Baleno. Потоа изборот се стесни на пет модели, за сега на салонот во Женева да бидат објавени трите финалисти во класата. Победникот ќе биде познат на 13-ти април, на салонот во Њујорк.

https://automedia.mk/objavi/27262

По лансирањето на јапонскиот пазар и евро-премиерата во Париз, мини-кросоверот од 3,70 метри во јануари стартуваше со продажба во Европа, а веќе е присутен и на македонскиот пазар, со цена од 10.950 евра за основниот модел. Моделот се одликува со препознатлив стил, одлична прегледност и просторна кабина и покрај малите димензии на каросеријата, како и со пристојна големина на багажникот. Ignis е особено популарен на британскиот пазар, кадешто веќе има надминато 1.500 примероци.

Моторот е 1,2-литарски Dualjet со 90 КС, постои варијанта и со погон на сите тркала Allgrip. Посебно е интересна верзијата со хибриден погон SHVS (Hybrid Vehicle by Suzuki), којашто на нашиот пазар е ослободена од акциза и чини 14.500 евра во верзија со погон напред, односно 15.990 евра во верзија со погон на сите тркала. Во највисокиот пакет на опрема GLX следива и систем за самостојно запирање при опасност од судир, којшто ги детектира пречките со помош на две камери.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Civic Type R е последниот моќник на Honda со класичен погон

Германската Пошта доставува пратки со 4000 електрични комбиња