Во фабриката на Suzuki во Унгарија започна производството на новиот компактен кросовер SX4. Во следната година ќе се произведат 100.000 примероци од стратешкиот модел.
Во присуство на премиерот на унгарската влада Виктор Орбан и претседателот на Suzuki Осаму Сузуки беше одбележан стартот на производството на новата генерација на кросоверот од компакт класата SX4. Првите испораки се очекуваат наесен, за европскиот пазар, но и за светските пазари, како Океанија и Азија, Средниот Исток и Латинска Америа.
Новиот SX4 S-Cross е стратешки модел на јапонскиот специјалист за малечки возила и погон на сите тркала и во првата полна година ќе се произведува во серија од 100.000 примероци. Челниците на марката имаат големи очекувања од моделот кој нуди просторна кабина, полна опременост, препознатлив изглед, штедливи мотори и висока противвредност. Моторите се 1,6 литарски, со моќност од 120 КС во бензинската и дизелската изведба. Освен верзиите со погон напред е достапна и изведбата со новиот погон на сите тркала Allgrip.