за ,

Suzuki разви евтин хибриден погон

Suzuki денес објави дека наскоро ќе воведе евтина и поедноставена хибридна технологија во своите автомобили, влегувајќи во остра конкурентска битка со јапонските ривали.

Во последните години Suzuki се фокусираше првенствено на усовршување на конвенционалните мотори со внатрешно согорување, но очигледно е дека полека дојде времето кога натамошното одржување на конкурентноста на пазарот не може да се постигне без воведување хибридни погонски единици во автомобилите.

Растат барањата на купувачите за економични возила и тоа не само во Јапонија и Европа, туку и на пазарите во развој. Специјализираните марки како Suzuki не можат да останат надвор од трката за поштедливи и почисти возила. Suzuki веќе претстави систем за повраток на енергијата при сопирање, којшто ја претвора енергијата во движење на автомобилот во електрична енергија при сопирањето. Од оваа струја се полни литиум јонскиот акумулатор, кој ги снабдува потрошувачите на струја, како клима уредот или радиото.

Оваа струја сепак не се користи како дополнителна сила при забрзување или поаѓање. Разликата кај новиот систем е тоа што оваа струја добиена со рекуперација може да се користи и за забрзување. Слична технологија користат Nissan и Volkswagen. Хибридниот погон на Suzuki ќе биде поевтин од конкурентските производи, затоа што не се предвидува возилото да се движи само на струја, туку комбинирано, заедно со моторот.

Меѓу првите модели што ќе ја користат технологијата се можни новиот SX4 S-Cross и наследникот на Swift. Моделите со благ хибрид ќе се понудат прво на јапонскиот, а потоа и на европскиот пазар. Засега нема официјален датум на старт на продажбата. За натаму се предвидува хибридниот погон да се вградува и во поскапите модели на Suzuki, во верзија на полн хибрид, односно со можност погонот да ја користи само енергијата во батериите. Во 2003 година Suzuki го имаше понудено моделот Twin со хибриден погон, но тогаш беше прерано за уште „непознатата“ техника и моделот мораше се повлече од пазарот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На возачите на Ducati јакната им е водушна перница

Замислете како ќе изгледа Mercedes GT покрај ваков кокпит