за

Suzuki нема да развива наследник на лимузината Kizashi

Европскиот шеф на Suzuki потврди дека неговата марка не размислува да понуди наследник на големиот модел Kizashi. Во моментов марката е посветена на комерцијализацијата на новиот Baleno.

Претседателот на Suzuki за Европа, Јошинобу Абе, ја исклучува можноста неговата марка во видно време да претстави наследник на големата лимузина Kizashi. Причина за тоа веројатно е заостанувањето во продажбата на големиот модел во споредба со моделите во традиционалните сегменти на јапонската марка.

Suzuki повеќе е концентриран на претстојниот старт на продажбата на новиот Baleno. Како што потенцираат од марката, тој не треба да се доведува во релација со претходникот Baleno, кој спаѓаше во компакт класата. Јапонската марка решила да продолжи да го користи името поради убавата симболика на името што потекнува од италијанскиот јазик и значи „молскавица“.

Новиот Suzuki Baleno ќе биде позициониран над Swift, кој и натаму останува во понудата на марката. Трицилиндарскиот мотор од 1,0 литар со директно впрскување и турбонатполнење од новата генерација BoosterJet, кој ќе има прво вградување во Baleno, подоцна ќе се воведе и во понудата на останатите семејства модели на Suzuki. Планот на јапонската марка е до 2020 година да достигне годишна продажба од 300.000 возила на пазарот во Европа. Наскоро Suzuki ќе стартува и со хибриден погон во својата понуда од модели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

паѓа продажбата на дизелот

САД го обвинуваат Volkswagen за манипулации околу издувните гасови

Неколку (не)здодевни статистики за европскиот пазар на автомобили