за

Suzuki веќе 45 години прави автомобили што се разликуваат во масата

В година следува продолжение на тоа што започна пред 45 години со претставувањето на Suzuki LJ 10 – доаѓа наследникот на Vitara. Историјата на јапонската марка секогаш открива интересни моменти.

Десет години пред да стартува на европскиот пазар во 1980-те години, Suzuki веќе го имаше пробиено кодот на тоа што многу години подоцна браншата ќе го води како кросовер возило. Во тоа време Јапонците успеаја да направат спој на теренско возило за рекреација и семејно возило којшто беше достапен за народот. Во 1970 година, Suzuki го претстави LJ 10, подоцна со прекар „ел-џеј“, по него следеше серијата SJ / Samurai, а на крајот и актуелниот Jimny.

suzuki lj 10 1970 godina
suzuki lj 10 1970 godina

Идејата за достапен кросовер за секојдневието и за слободното време премина на повисоко ниво во 1988 година, со претставувањето на Vitara. Моделот се нудеше во верзии со три и пет врати, како и во кабриолет изведба. Историската заслуга на Vitara е во тоа што успеа да го пренесе елегантниот животен стил на луксузните теренци во компактната класа. Во 1991 година Suzuki веќе продаваше преку 100.000 примероци од Vitara.

Најрадикалниот чекор на каков што ретко кој друг производител би се осмелил беше направен со претставувањето на Vitara X-90 во 1995 година. Овој кросовер беше и остана единствен по многу работи: Со две седишта, лимузински опаш со голем спојлер и отстранлив покрив, во каросериска основа на кросовер, X-90 е најоригиналното возило на Suzuki воопшто – за жал, беше премногу пред своето време. Во меѓувреме, отворената верзија на Vitara беше меѓу најпродаваните кабриолети со погон на сите тркала на европскиот пазар.

Од 1998 година, Suzuki го напаѓа сегментот на кросоверите со Grand Vitara и со  Jimny. Конкуренцијата дури подоцна реагираше со воведување на компактни теренци во својата понуда, со што се докажа улогата на Suzuki на предводник во сегментот на кросоверите. Првата генерација на Grand Vitara на една година пред замената со новиот модел во 2005 година се продаде во рекордни 138.000 примероци на глобално ниво. Новата Grand Vitara посериозно му се пушти на теренот, со постојаниот погон на сите тркала и со унапредените теренски својства. Пазарот реагираше соодветно и во 2006 година Suzuki веќе продаде 175.000 примероци од својот бестселер. Пред две години Grand Vitara го доби актуелниот изглед.

Моментно најактуелен во понудата на кросовери е моделот од втората генерација на SX, со додавка S-Cross, заради разликување од класичниот модел, којшто поради интересот на пазарот, а уште повеќе поради атрактивната цена, и натаму останува во понуда. Наследникот на Vitara, којшто произлегува од студијата iV-4 прикажана на салонот во Франкфурт во 2013 година, стартува со продажба веќе во почетокот на следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes го тестира кабриолетот од класата S

Кина изнуди поевтини резервни делови за странските марки