166
26 shares, 166 points

Самите производители повеќе не можат да поверуваат колку пазарот е ненаситен за СУВ-моделите во сите класи, сегменти, ценовни класи. Но, дводелната каросериска форма не дозволува многу слобода на дизајнерите. Дали моделите веќе почнуваат да си личат премногу, особено отстрана?

Rolls-Royce има теренец, има и Lamborghini, а наскоро и Ferrari. Некои производители се вратија во старата форма и постигнуваат фантастичен раст во продажбата само затоа што нивните некогашни СУВ-експерименти, кои честопати завршуваа неуспешно и ги доведуваа до финансиска руина, денес се главен хит на пазарот. Тука се прекршуваат традиции, се менува комплетен имиџ на марката, само за да се биде присутен со СУВ-модел.

Renault Captur се продава подобро од Opel Corsa, на 12-то место на најпродавани модели во Европа, а Peugeot 3008 е веднаш зад класичарот Volkswagen Passat, на 15-то место со над 130.000 продадени примероци до јули. Не отсуствуваат ниту Duster, 2008 или Kuga, Sportage или Kadjar.

Само во компакт класата постојат над 30 модели, а трендот покажува право угоре. Во меѓувреме се појавуваат и каросериски и стилски варијации, како Evoque Coupe, BMW X2, Mitsubishi Eclipse Cross, Audi Q2. Британците веќе неколку години го нудат својот Evoque и во кабриолет изведба.

Mitsubishi Eclipse Cross vozenje AB15
Некои од СУВ-моделите немаат криза со идентитетот: Mitsubishi Eclipse Cross

Прашањето е: Дали дизајнерите веќе стануваат немоќни да извлечат нови варијации од дводелната каросериска форма на СУВ-моделите? Вистина е дека станува сé потешко на улица да се распознае кој е кој. Главните црти ги распознаваме, но не сме секогаш сигурни за марката. Сопствениците на СУВ-модел веројатно знаат најдобро кога треба да го пронајдат својот автообил на паркинг.

Бојата станува знак на распознавање на СУВ-моделите место формата на каросеријата

Проблемот постои, и производителите, односно нивните вешти стратези, веќе преземаат чекори да го надминат истиот. Новите модели во брошурите, на билбордите и на тв-рекламите секогаш се појавуваат во само една боја. Таа е специфична и препознатлива за моделот што ја носи. Моделите почнуваме да ги распознаваме по бојата, место по стилот.

СУВ-модел нема да се појави во темна, црна боја. Ограничување постои и во аголот на гледање. СУВ-модел нема да се појави чисто отстрана во рекламите. Тие секогаш се местат под агол, колку да се видат светлата, или уште подобро, логото и целата маска што денес им изникнува од него.

Секако дека постојат модели што лесно се разпознаваат и по страничната силуета. За најдобро да се воочат стилските разлики и обележја на главните СУВ-модели во компакт класата, го изработивме ова кусо видео, во коешто е прикажана силуетата на 23 модели. Во првиот дел од видеото, автомобилите се „анонимни“, додека во вториот дел се појавува нивната марка и моделско име. За да надминеме уште една „финта“ на производителите, го избришавме логото на марката што сите модели го имаат во средината на бандажите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
26 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743