за

Супермаркетите се „бензинските станици“ на иднината

volkswagen lidl kaufland sorabotka polnaci
volkswagen lidl kaufland sorabotka polnaci

Два големи синџири од супермаркети во Германија, Lidl и Kaufland, поставија 70 полначи со 140 приклучоци за електрични автомобили во своите филијали во Берлин. Надвор од работното време, Volkswagen ќе ги користи овие полначи за јавниот возен парк WeShare.

Купувачите во супермаркетите дење ќе ги користат овие полначи, додека ноќно време, Volkswagen ќе ја користи мрежата од полначи за јавниот возен парк WeShare. Овој возен парк во почетокот ќе се состои од 1.500 возила Volkswagen e-Golf, а подоцна ќе се придружат уште 500 примероци од e-Up, исто така со погон на струја.

Соработката ќе започне кон крајот на јули. Во филијалите на Lidl веќе се поставени 60 полначи, уште десет има пред подружниците на Kaufland. Струјата потекнува исклучиво од 100% обновливи извори. Најголемиот дел го сочинуваат брзи полначи. На тој начин се постигнува и целата смисла на проектот, затоа што брзите полначи овозможуваат постигнување 80% наполнетост на батеријата на електричните возила за околу 30 минути.

Lidl масовно вложува во поставување полначи за електрични возила. Во почетокот, половина од овој синџир супермаркети во Берлин ќе располагаат со полнач. Планот е до крајот на годината да се постават вкупно 400 полначи во своите филијали ширум Германија. Kaufland пролетоска го постави својот 100-ти брз полнач. До крајот на 2020 година се планираат уште 100 станици со брзи полначи во овој продажен синџир.

Volkswagen ќе постави 36.000 полначи ширум Европа

Два од десет возачи на Outlander PHEV полнат струја на три дена

Porsche обезбеди 49.000 полначи за своите електрични модели

Возачи на пикапи блокираат полначи на Tesla

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat 500 tri mio

Моделското семејство „500“ на Fiat брои три милиони примероци

Mercedes eActros Швајцарија

Швајцарски превозници тестираат електрични камиони на Mercedes