за

Светските патници Шуклев и Николов пречекани со почести во Пекинг

џоко шуклев ѓорѓи николов кина пекинг
џоко шуклев ѓорѓи николов кина пекинг

Харизматичноста на нашите најголеми светски патници се потврди уште еднаш, со нивното пристигање на одредиштето по 11.000 километри во возење и 800 километри лет. Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов го оставија пропатуваното Рено 4 пред кинеската граница, но затоа нивниот подвиг беше поздравен на највисоко ниво, со пречек во македонската амбасада во Пекинг.

Исходот од големото патешествие на најпознатите стојачани во светот, Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов, се најде во неизвесност, откако тие мораа да го остават прочуеното светлосино Рено 4 на територијата на Монголија и, од Улан Батор, по авионски пат да пристигнат во одредиштето Пекинг. Како што објавија бројни македонски медиуми што го следат патешествието, условот за патувањето да продолжи до светската културна и историска метропола беше да се ангажира кинески возач, како и да се чека најмалку една работна седмица во Монголија, заради добивање на потребната гаранција од туристичка агенција.

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Thursday, July 18, 2019

Тоа веќе одамна се стари вести. Времето на двајцава македонски авантуристи како да врви многу побрзо од обично. Со ангажирање на министерот за надворешни работи Никола Димитров, конзули и менаџери на светски хотелски синџири, нашите стојачани по 48-часовниот психолошки трилер се решија за авионската опција.

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Friday, July 19, 2019

Подвидот на Џоко и Ѓорѓи беше официјално одбележан и поздравен со нивниот прием во македонската амбасада во Кина. На профилот на глобтротерите на фејсбук дури се појави и галерија со фотографии од нивната средба со наши државјани во Кина. По задолжителната туристичка посета на многуте знаменитости во регионот од значење за светската историја, вклучувајќи го секако и задоволството за македонското знаме да се вее на Кинескиот Ѕид, во чест на подвигот на Ѓорѓи и Џоко беше организирана свечена вечера во Пекинг, во присуство на в.д. амбасадорката на Македонија во Кина, г-ѓа Зорица Ташковска.

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Saturday, July 20, 2019

Светските стојачани во меѓувреме се вратија во Монголија по своето Рено 4, на пат назад. Охрабрени од успешната реализација на целта, веруваме дека на патувањето назад до Стојаково, многубројната публика ќе проследи уште многу забавни и весели моменти со Ѓорѓи и Џоко.  Го очекуваме и следното поглавје со Жаклин.

Среќен пат назад, легенди! Успеавте!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Corvette Stingray

Corvette по пример на Ferrari, со американски V8

chevrolet corvette cerv 3 generacii

Chevrolet Corvette уште пред 60 години требаше да вози со средишен мотор