за

Кинеската бирократија најголема пречка за авантуристите од Стојаково

шуклев николов граница кина
шуклев николов граница кина

Милениците на најшироката јавност и единствените неполитичари на македонската сцена досега ги минаа сите патни и човечки предизвици на големата авантура до Пекинг, но наидоа на препрека пред самата цел. Место вообичаените весели вести од Шуклев и Николов, утрово драматични сцени при нивното влегување од Монголија во Кина.

Сцени како во канцеларија за жалби и поплаки на ПОЦ на границата меѓу Монголија и Кина. Нашите најголеми авантуристи и миленици на целата македонска публика, спречени се да влезат во Кина и да го продолжат своето историско и богато со симболика патување до Пекинг. Бирократска ригидност на граничните службеници не дозволува ситуацијата да се прогледа реално и да се изнајде конкретно решение на самото место, туку мора слепо да се потпира на напишаните правила и прописи, без разлика што со илјадници километри претходно, на сите им беше очигледно дека Шуклев и Николов се на пат да остварат голема цел што обично заслужува место во главните вести.

Сите врати и рампи досега им беа отворени на нашите стојачани, кои по ланската авантура со четириесетгодишниот Рено 4 до Ница, годинава се впуштија во уште поголема авантура до Пекинг, којашто со своето значење и симболика не е далеку од достигнување на рамниште на државен интерес.

Целиот свет ги поздравува големите авантуристички подвизи, како овој на Шуклев и Николов, и ги крева сите рампи, или барем гледа да изнајде начин да даде свој придонес во остварувањето на целта, но сето тоа престанува да важи на кинеската граница

Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев се спречени да ги извозат преостанатите километри до одредиштето, Пекинг, поради тоа што граничните службеници им бараат договор со туристичка агенција, којашто ќе биде гарант за примерното однесување на нашите глобтротери, и услов кинески возач да го управува возилото.

Иако на објавеното видео на фејсбук-профилот на Ѓорѓи и Џоко се забележува дека на ценените и сипатични службенички на кинеската граница им е сосем очигледно дека станува збор за голем подвиг, зад којшто стојат илјадници километри пат и стотици часови во возење, како и илјадници часови подготовка, кинеските служби не умеат да ја испочитуваат честа, што забавните и вешти стојачани одбрале нивното одредиште за големиот потфат да биде Пекинг и воопшто Кина.

Posted by Gjorgji Nikolov on Tuesday, July 16, 2019

Пропуст очигледно е направен и во кинеската амбасада во Македонија, којашто при обезбедувањето на документацијата, и веројатно, вложувањето интерес за потфатот да успее, требало да посочи на правилата за патување и престој во Кина.

На Џоко и Ѓорѓи не им се дозволува ниту пеш да ја минат границата и со воз да се упатат до Пекинг, туку им се советува да се вратат во Монголија и оттаму да се качат на воз. Повеќе од 14 часови досега трае оваа драма на кинеската граница.

На нашите авантуристи и најголеми патувачки амбасадори  им посакуваме брзо излегување во пресрет и надминување на кинеската бирократија.

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Monday, July 15, 2019

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Taycan Triple Demo Run New York

Porsche Taycan ја заврши турнејата на три континенти

Porsche Drive

Сопственик на автомобил Porsche на 28 денови