173
22 shares, 173 points

На вчерашниот државен состанок на највисоко ниво во Берлин беше решено субвенциите за електрични автомобили да се зголемат до 6.000 евра. Владата и производителите на автомобили на тој начин ќе постигнат цената на возилата на струја да се изедначи со возилата со обичен погон.

Купувачите на електрични возила во Германија во иднина ќе добиваат до 6.000 евра субвенции од државата и индустријата. Тоа беше спогодено синоќа во канцеларијата на сојузната влада во Берлин. Услов за добивање на широкоградиот попуст, кој вклучувајќи го ДДВ достига 7.140 евра, е продажната цената на возилото да не надминува 40.000 евра без давачки, односно 47.600 евра со давачки. Со овој чекор, најдостапните електрични автомобили чинат помалку од 10.000 евра.

На германскиот пазар во моментов се нудат дваесетина автомобили со електричен погон и нето-цена до 40.000 евра. Во следните неколку месеци ќе пристигнат најмалку уште десетина нови модели. Моделите на Tesla и луксузните СУВ-модели на германските марки ја надминуваат ценовната рамка за субвенционирање.

Моментно најевтин автомобил со погон на струја во Германија е малечкиот e.Go Life, со основна цена од 15.900 евра. Со новите субвенции, цената на овој модел, во изведба со досег до 100 километри, се спушта на помалку од 9.000 евра.

Кус преглед на модели со електричен погон и нивната редовна цена во Германија:

  • Smart Fortwo, Forfour (досег 159 km) · од 22.000 евра
  • VW Up, Seat Mii и Skoda Citigo (досег 260 km) · околу 22.000 евра
  • BMW i3 (досег 360 km) · од 38.000 евра
  • Renault Zoe (досег 300 km) · од 30.000 евра
  • Opel Corsa-e, Peugeot e-208 (досег 330 km) · од 30.000 евра
  • VW ID.3 (досег 330 km) · од 30.000 евра
  • Nissan Leaf (досег 385 km) · од 37.000 евра
  • Kia e-Soul, Hyundai Kona Elektro (досег 300 km) · од 34.000 евра

Над 47.600 евра нето-цена исто така следува субвенција (до 77.350 евра), во висина од 5.000 евра, односно 5.950 евра со вклучен данок. Субвенциите се зголемуваат и за возилата со хибриден погон. Новата регулатива ќе стапи на сила уште во ноември.

Батериите за електрични автомобили за две години поевтинеле за третина


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
22 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *