за

Subaru со највисоки одликувања за безбедноста во „2020 Driver Power“

Subaru со највисоки одликувања за безбедноста во „2020 Driver Power“
Subaru со највисоки одликувања за безбедноста во „2020 Driver Power“

Втора година по ред, Subaru е избран за најдобар производител во категоријата за безбедност во анкетата меѓу британските возачи „2020 Driver Power“. Во генералниот пласман, Subaru се најде на третото место во конкуренција на 30 производители на автомобили.

Возачите на Subaru немаат забелешки за безбедносната опрема и за безбедносните функции во своите автомобили, покажа редовната анкета што магазинот Auto Express ја спроведува меѓу британските возачки и возачи. Уредникот на магазинот Стив Фаулер, ги резимира одговорите од читателите: „Сопствениците ценат дека возењето е големо уживање, кабината е одлично изработена и можат целосно да се потпрат на своите возила, во секое време. Сопствениците исто така кажуваат дека не постои друга марка што нуди подобри безбедносни системи. Со такви резултати е јасно зошто сопствениците на Subaru се толку верни кон марката.“

Сите три СУВ-модели на Subaru што учествуваа во анкетата имаат 5 ѕвезди за безбедност според Euro NCAP и поседуваат изобилство опрема, вклучувајќи го системот за асистенција EyeSight, којшто се вградува стандардно.

Системот за предупредување при замор на возачот работи многу попрецизно отколку кај конкуренцијата

Новиот систем за предупредување при замор на возачот претходно доби награда за најдобра технологија во изборот на британскиот магазин What Car, кадешто истиот е опишан како „најнапреден од својот вид“, издвојувајќи се со прецизноста.

Јапонскиот специјалист за боксер мотори и погон на сите тркала доби награда и за својот Forester e-Boxer, кој постигна најдобри резултати во класата на компактни теренци на тестирањето на безбедноста од страна на Euro NCAP лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Танер Фауст стана амбасадор на Volkswagen R

Танер Фауст стана амбасадор на Volkswagen R

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63