139
19 shares, 139 points

Subaru BRZ наскоро ќе ги напушти производствените ленти засекогаш и за таа цел го вози почесниот спринт. Чистокрвното спортско купе, близнак на Toyota GT86, се поздравува од сцената со „Final Edition. Посебната моделска серија ќе се појави во продажба во јули, по цена од 40.270 евра на германскиот пазар.

Спортскиот нагласок во „Final Edition“ е мошне убедлив, со впечатливи бандажи од 17 инчи и црвени сопирачки клешти од Brembo. Пакетот го заокружуваат амортизери Sachs. Специјалната серија има каросерија во црна боја, а со доплата се испорачува и варијанта во сина боја.

Сини акценти има и внатре: На рачката на менувачот, во облогите на вратите, на арматурната табла и на сино-црниот волан. Предните седишта се во сино-црна боја, задните две се чисто црни. Посебна плочка во кабината сведочи дека станува збор за примерок од посебна серија.

Опремата вклучува инфо-забавен систем од седум инчи, двозонска автоматска клима, диодни магленки и контрола на стабилност со посебна програма за тркачка патека.

Под хаубата работи стандардниот дволитарски боксер со 200 КС и вртежен момент од 205 њутнметри. Станува збор за еден од најефикасните атмосферски мотори, со литарска моќност од 100 КС и умерена потрошувачка. Менувачот стандардно е мануелен со шест степени, со доплата се вградува шестстепен автоматик. Погонот, секако е на задната оска.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *