за

Subaru вети и го собори рекордот на Нирбургринг

subaru wrx sti type ra nbr

Subaru е во рекордерска серија. Прв беше островот Ман, следеше Гудвуд, сега падна и Нирбургринг. Специјална верзија на WRX STI со „опрема“ за соборување рекорди ја извозе германската патека за помалку од седум минути. Не постои побрза лимузина.

Кога Subaru ќе означи свој модел со кратенката RA, следат моменти за историјата. Модел со целосна ознака WRX STI Type RA NBR Special постави рекорд за лимузини на дваесеткилометарскиот „Зелен пекол“, со време од 6 минути и 57,5 секунди. RA стои за „Record Attempt“ или обид за соборување рекорд, NBR е за Нирбургринг.

Трет рекорд во низа за Subaru WRX STI Type RA

Каде и да се појавеше овој RA во блисково минато, паѓаа рекорди. Прво беше поставено рекордно време на ултралегендарната патека на островот Ман, во минатиот месец беше извозено најдобро време на тркачката забава на лордот Марч во Гудвуд. Subaru имаше трето најдобро време на оваа ридска патека во генерална конкуренција.

За изработката на рекордерскиот ловец секако дека беше задолжен Prodrive. Дволитарскиот боксер е мајсторски избрусениот дијамант на легендарните техничари од оваа куќа, а тие се докажале дека умеат да го потстегнат и симетричниот погон на сите тркала на Јапонците.

Шестотини коњски сили и крајна брзина од 288 километри на час

WRX STI Type RA NBR Special е изработен врз основа на стандарден WRX STI, со заштитен кафез заварен за каросеријата, заради дополнителна цврстина и крутост. Дволитарскиот боксер според спецификција за WRC поседува дифузор од 75 милиметри, додека моќноста изнесува 600 КС при 8.500 вртежи во минута. Крајната брзина е 288 километри на час.

На сите четири тркала се монтирани сликови од 9 инчи. Менувачот е од WRC, со автоматска спојка и хидраулика за промената на степените преку рачките зад воланот. Промената на степен се случува за 20 до 25 милисекунди, што е меѓу најбрзите времиња.

Аеродинамиката е изменета во споредба со сетапот од ланското возење на „ТТ“, за подобра управливост и повисока крајна брзина. При максимална брзина, целиот аеропакет произведува потисок од 295 килограми. Задниот спојлер користи трикови слични на болидите во формула 1. Со комбинирана електрична и хидраулична контрола, спојлерот може да заземе попречна положба заради поголем потисок при сопирање или во брзи свијоци, а потоа да се постави хоризонтално заради понисок потисок и повисока крајна брзина на долги правци. Возачот има целосна контрола преку командата на воланот, при што за промена на позицијата на спојлерот се потребни помалку од 20 милисекунди.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren P15

Ексклузивни детали за McLaren P15 во новото издание на Autocar

За пет месеци продадени 40 милиони автомобили низ светот