156
20 shares, 156 points

Во германскиот град Штутгарт се подобрил квалитетот на воздухот, откако беа воведени забрани за сообраќај за стари возила со дизел мотор. Мерните станици покажуваат дека загаденоста со азотни оксиди е смалена од 71 на 59 микрограми. Овие штетни материи воопшто не се регистираат кај нас.

Германскиот министер за сообраќај Винфрид Херман ја потврди ефикасноста на оспоруваните мерки за забрана на сообраќајот во Штутгарт, со цел да се подобри квалитетот на воздухот во градот.

Мерната станица на Некартор, како една од најпогодените точки во Штутгарт, и натаму покажува вредности за загаденоста со азотни оксиди што се над дозволената граница од 40 микрограми на метар кубен. Меѓутоа, во првите четири месеци годинава, таму се измерени 59 микрограми од штетниот гас. Тоа претставува значајно подобрување во споредба со просечната вредност од 71 микрограми азотни оксиди во целата 2018 година.

Министерот Херман цени дека „загаденоста се смалува побрзо отколку во минатите години.“ Тој додава и дека „временските пригоди секогаш имаат влијание, но несомнено е дека мерките се ефективни.“

Штутгарт од почетокот на годинава забранува сообраќај за дизел автомобили со норма Еуро 4 и под неа. За понатаму се планира забраната да се подигне до нормата Еуро 5.

Возила на Google ја мерат загаденоста на воздухот во Амстердам

Прага воведува бесплатен градски превоз при загаденост на воздухот

Подземните гаражи се центри за загаден воздух

Овие 15 држави во ЕУ го ограничуваат сообраќајот при загаденост

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *