153
20 shares, 153 points

Локалните власти ќе ги спасуваат возилата со дизел мотор од нови забрани за сообраќај во градот на Porsche и Mercedes, со ограничување на брзината на 40 km/h во централното подрачје.

Ограничувањето на брзината на 40 километри на час во централното подрачје на Штутгарт е дел од новиот план за зачувување на квалитетот на воздухот во главниот град на германската покраина Ваден-Виртемберг. Целта е на тој начин да се одржува загаденоста на воздухот со азотни оксиди под лимитот.

Во градот во чијашто близина произведуваат Daimler и Porsche, со ограничувањето на брзината на 40 километри на час се очекува да се постигне и поголема проточност на сообраќајот, да се намалат запирањето и поаѓањето, и во целина да се намали емисијата на штетни материи во воздухот.

За новиот план за воздухот ќе се гласа во следната недела. Досегашниот план беше на четири делници во Штутгарт да се забрани сообраќајот и за возила со дизел мотор според нормата Еуро 5 од 2020 година натаму. Тоа ќе се случи доколку загаденоста на воздухот не се намали под дозволениот лимит за азотни оксиди.

Од почетокот на годината во целото подрачје на Штутгарт и преку целата година е забранет сообраќајот за возила со дизел мотор според нормата Еуро 4. По барање на германското здружение за заштита на животната средина, ограничувањата во иднина ќе бидат уште построги, односно забраната ќе ги опфати и дизел возилата со издув според Еуро 5.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *