за

Студија предвидува: Електричните пред обичните во 2030 година

volkswagen id3 vozenje
volkswagen id3 vozenje

Драстичното намалување на цената на батериите и строгите норми за заштита на животната средина ќе придонесат во 2030 година да се продаваат повеќе електрични автомобили отколку автомобили со обичен мотор.

Студија предвидува дека во 2030 година во светот првпат ќе се продадат повеќе автомобили со електричен погон, отколку со обичен мотор. Консултантската фирма Boston Consulting Group, под електрични ги вклучува и возилата со хибриден и плагин-хибриден погон.

Заслугата за ваквиот развој ќе ја имаат строгите ограничувања во поглед на емисијата на штетни материи, како и намалувањето на цената на батериите. Според студијата, цената на батеријата во 2030 година ќе се намали за 80% во споредба со 2014 година.

Уделот на возилата со електричен или хибриден погон во продажбата ќе се разликува од еден до друг регион, нагласуваат експертите. Во Кина и Европа, во 2030 година секој четврти автомобил ќе биде чисто електричен, додека возилата со бензински мотор ќе учествуваат само со една третина во вкупната продажба. Наспроти тоа, бензинските мотори ќе постигнуваат удел од 47 проценти во продажбата на нови возила во САД, додека на „батериските“ автомобили ќе им припаѓа една петина од пазарот.

https://www.instagram.com/p/B7Vf1Txn4Dy/

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC

Mercedes B-Class со највисоки оцени на тестовите на ADAC

Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi

Cromodora ќе гради фабрика за бандажи само за Audi