194
25 shares, 194 points

Лицата кои слабо поднесуваат алкохол, реагираат чувствително и кога ќе останат без доволно сон. Овие сознанија ќе помогнат во развојот на лекарства со коишто ќе се спречат сообраќајните незгоди предизвикани од замор на возачот

Педесет лица учествуваа во истражување во коешто се следеше нивното однесување по 38 часови минати без сон. Потоа следеше десетминутно тестирање на нивната реакција. По неколку денови, испитаниците требаше да испијат водка, во индивидуално одредена количина. Потоа се тестираше како испитаниците реагираат под дејство на алкохол.

Студијата покажа дека лицата чијашто реакција не претрпела големи промени кога биле под дејство на алкохол, помалку се чувствителни на ненаспаност. Аналогно на тоа, лицата кои чувствувале потешкотии поради одложувањето на сонот, имале подолго време на реакција кога биле под дејство на алкохол.

Авторите на студијата спроведена од германскиот истражувачки центар Јилих заклучуваат дека чувствителноста на алкохол и на недостиг од сон се регулираат од ист биохемиски механизам. Тоа отвора ново подрачје за научно истражување. Невролозите од Центарот засега откриваат дека клучната функција ја има аденозинот, којшто спаѓа во групата медијатори во човечкиот организам.

Аденозинот во организмот го префрлува прекинувачот од будно на заморено

Аденозинот има централна улога во управувањето со енергијата на организмот. Колку подолго се останува буден, толку повеќе аденозин се концентрира во мозокот. Оваа супстанција се поврзува со површината на нервните ќелии и оттаму управува со одреден вид молекуларни прекинувачи, односно со таканаречените аденозински рецептори. Тие дејствуваат слично како регулатор на силината на осветлувањето во просториите и ги вклучуваат неуроните од „будно“ на „заморено“. Тоа предизвикува постојано зголемување на потребата од сон по непроспиената ноќ.

возење под алкохол казна

Научниците на институтот за неврологија и медицина во рамките на центарот Јилих користеа таканаречена ПЕТ-томографија (позитронска емисиска томографија) за да утврдат како системот на аденозинот реагира под дејство на алкохол. Томографијата ги прави видливи аденозинските рецептори кои се слободни. Експертите докажаа дека количината на слободни рецептори во мозокот се зголемува значително по конзумирањето алкохол.

Од студијата може да се заклучи и дека луѓето на коишто ненаспаноста им влијае силно, не треба да седнуваат зад волан по конзумирање алкохол, без разлика што присуството на алкохол во организмот е во дозволените граници

Тоа значи дека нервните ќелии ослободуваат многу поголем број рецептори на својата површина, а тоа значи дека се зголемува и бројот на молекуларни прекинувачи, коишто префрлуваат на „заморено“. На тој начин, алкохолот го зголемува заморот што го предизвикува аденозинот.

Разликите во системот на аденозинот прават некои лица да бидат почувствителни на замор при ненаспаност и при присуство на алкохол во организмот. Овие разлики се генетски предодредени.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

194
25 shares, 194 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743