за

DHL нарача 100 доставни возила со погон на водород

streetscooter h2 panel van
streetscooter h2 panel van

StreetScooter е познато име на сцената на електромобилноста. Тие веќе неколку години ги испорачуваат електричните возила за Германската Пошта. Сега е време за следниот чекор. Место на батерии, возилата на овој производител во иднина ќе возат и на водород и ќе постигнуваат досег до 500 километри.

Големите производители на автомобили се мошне резервирани околу сериското производство на возила со погон на водород. На тоа се гледа поинаку во стартап-компанијата StreetScooter од германскиот Ахен. Фирмата под закрила на Дојче Пост ги произведува електричните возила за поштата. Сега е време за следниот предизвик и за производство на возила со водороден погон.

Нивниот нов модел се води како H2 Panel Van и како основа го користи електричното доставно возило StreetScooter Works. Во него е додаден резервоар за водород, заедно со горивните ќелии во коишто се одвива хемиската реакција на водородот и производството на струја за електромоторот – водородните автомобили исто така се електрични автомобили, но користат водород, место батерија. Со полн резервоар и со полна батерија, водородниот модел на StreetScooter минува до 500 километри. Тоа е единствено возило од ваков вид во моментов.

Основата на StreetScooter доаѓа од Ford Transit; „Водородното“ комбе вози со батерија од 40 kWh и резервоар од шест литри со водород под притисок

StreetScooter H2 Panel Van се произведува во соработка со Ford и како основа го користи Transit. Носивоста изнесува до 800 килограми. Покрај батерија од 40 kWh, фургонот поседува горивна ќелија со моќност од 26 kW, којашто се напојува од шестлитарски резервоар со водород.

Групацијата DHL веќе нарача 100 примероци од H2-транспортерот. Испораките ќе стартуваат в година. DHL Express ќе биде првата служба за брза достава којашто во голем обем ќе користи електрични комбиња со водороден погон. Поштата планира до 2050 година целосно да премине на возила со нулта емисија на штетни материи.

Германската пошта ќе произведува електро-комбиња и за други фирми

Електричниот камионет на германската пошта се продава како луд

Германската Пошта доставува пратки со 4000 електрични комбиња

Дојче Пост пушта втора фабрика за својот електро транспортер

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw garmisch 2019

Од BMW Garmish нема трага половина век, BMW го изработи од ново

ford digit робот испорака

Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот