за

Дојче Пост пушта втора фабрика за својот електро транспортер

дојче пост електро транспортер

Компанијата Street Scooter, којашто е фирма ќерка на Deutsche Post, отвори втора фабрика за својот електричен камионет. Новата фабрика се наоѓа во Дирен, во близина на Келн и располага со површина од 78.000 метри квадратни. Погоните се дел од производствениот капацитет на добавувачот Neapco и во нив ќе се произведуваат до 10.000 товарни возила со погон на батерии. Во една смена ќе се произведуваат по 46 возила на ден

Заедно со матичната фабрика во Ахен, производствениот капацитет на Street Scooter моментно изнесува 20.000 возила годишно. Во Дирен ќе се произведуваат моделските изведби Street Scooter Work и Work L, во варијанта L како „гола“ шасија, како пикап и како фургон со товарен простор од четири и осум метри кубни. Фабриката вработува 250 лица.

Германската пошта веќе петта гопдина го користи електричниот Street Scooter за достава на пратки. Во концернот моментно се користат околу 6.000 електрични доставни возила, коишто досега имаат поминато преку 26 милиони километри. Според производителот, погонот на батерии ја поштедил животната средина од 20.000 јаглероден диоксид.

Од минатото лето, Street Scooter Work се нуди и во слободна продажба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

jaguar land rover premiera e-pacer

Каде запна продажбата на Jaguar Land Rover?

mazda cx-5 пазар нов автомобил

Секој трет нов автомобил во Европа е СУВ