за

Олдтајмерџиите од Стојаково овојпат возат до Индија

олдтајмерџиите од стојаково најава индија

Нашата сцена брои многу поп-ѕвезди кои јавноста не ги познава како ѕвезди, но кога ќе се спомнат „олдтајмерџиите од Стојаково“, секој ги знае. Тие не пејат, туку возат. Овојпат, Ѓорѓи и Џоко ќе возат најдалеку што може, до Мумбаи

Кога олдтајмерџиите од Стојаково подготвуваат изненадување, тогаш светот навистина треба да се подготви за изненадување. Нашите национални херои од летово, кои го пријавија своето патување со стар Renault 4 до Ница и Азурниот Брег со обична објава на фејсбук, што спонтано прерасна во еден од главните летни настани, многу пошироко од рамките на автомобилската сцена, повторно ќе патуваат. Авантуристичкото дуо Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев веќе извесно време имаа најава за изненадување, но кој ќе се надеваше: Светло синото Renault 4, произведено пред четириесетина години, овојпат ќе вози до Мумбаи, Индија.

Нашите најпознати олдтајмерџии најавуваат „По стапките на Мајка Тереза и Александар“

Можеби токму скромноста е одликата што ја привлекува јавноста да ги следи авантурите на олдтајмерџиите од Стојаково. Тие најавуваат дека „мисијата која следува ќе биде доста покомплексна, но во исто време и повозбудлива.“ Никој не зборува за спектакл, сензација, историски потфат, а токму за тоа се работи.

Николов и Шуклев поаѓаат по стапките на Мајка Тереза и Александар, со крајно одредиште на потфатот во Бомбај, денешен Мумбаи, во Индија. Патувањето во двете насоки е долго 19.000 километри, низ седум држави: Грција, Турција, Грузија, Азербејџан, Иран, Пакистан и Индија. Бидејќи станува збор за потфат од крајни граници, патувањето ќе биде проследено со неопходната логистика. Во тимот се планирани механичар, камерман, медицинско лице и шофер, кои ќе го следат македонското Renault 4 со друго возило. На тоа следат уште резервни делови, медицински материјал, како и храна и вода, доколку мисијата заталка во пустината во Пакистан.

Шуклев и Николов сакаат нешто да ви кажат…

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Friday, August 24, 2018

Стартот се планира за 23-ти март, секако од Стојаково, за враќањето да следи на 1-ви мај, точно за време на одржувањето на вториот неофицијален панаѓур на Стојаково, кадешто јавноста ќе може повторно да ги поздрави македонските херои.

Повик до националните телевизии и до македонските компании да придонесат за реализација и публицитет на единствениот потфат од овој вид досега

Постои причина зошто сличните потфати, кои произлегуваат од средините што се поблиску до срцето на Европа, секогаш се проследени со имиња на големи компании и марки. Овој историски потфат на нашите олдтајмерџии бара соодветна финансиска поддршка. Џоко и Ѓорѓи ценат дека трошоците за патувањето би се движеле меѓу 12.000 и 15.000 евра, вклучувајќи подготовка на возилото, обезбедување визи за сите членови на екипажот, организација на сместувањето и покривање на самите трошоци за пат.

Секако дека авантура од овој обем и значење заслужува да биде проследена со видеоснимка. „Поп-ѕвездите“ со Renault 4 упатија повик до националните телевизии, за да пуштат свој камерман во екипажот. Тоа е многу подобар исход од класичниот случај во нашите средини, кога странски телевизии го препознаваат вредниот публицитет и ја преземаат „славата“. Ова, едноставно е единствена шанса досега, Македонија да известува директно за свои достигнувања, место да пренесува соопштенија за туѓи потфати, од туѓи авантуристи, кои му значат на некој друг.

Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев, напишете историја, повторно!

Патувањето до Ница се претвори во пречек во Стојаково со присуство на амбасадори и министри, со гостување на TV21, Сител, Телевизија 24, безброј написи во медиумите и вкупно десетици илјади допаѓања на сите објави од и по авантурата, присуство на изложба на олдтајмери во Кавадарци, на меморијалниот турнир во мал фудбал „Мирче Костов“, подршка на кадетите на РК Прилеп, свадбарски превоз… Што ќе се случи кога светот ќе ги „дознае“ нашите олдтајмерџии од Стојаково?

Почитувани пријатели,Ни претставува особена чест и задоволство да ви ја претставиме втората мисија со нашето веќе…

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Wednesday, December 12, 2018

Олдтајмерџиите од Стојаково со ВИП-третман во Монте Карло

Македонско Renault 4 пишува историја на пат до Азурниот Брег

Со Golf V преправен на струја на пат околу светот

26 години, 215 држави, 900.000 километри – тоа се вика пат околу светот!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia sportage gt line portokalova

Kia го лакира Sportage во специјална боја со стаклени честички

uze mobility street scooter fb

Германската пошта ќе произведува електро-комбиња и за други фирми