за

Македонскиот Гранд Тур: Џоко и Ѓорѓи возат за Пекинг

стојаково до ница до пекинг со рено 4
стојаково до ница до пекинг со рено 4

За Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов нема двоумење дека се меѓу најголемите автомобилски ѕвезди на македонската сцена. Нивните трки се маратоните, со историска нота, затоа што патуваат со Рено 4, со четиридецениско Рено. По ланскиот „излет“ во Ница, сега следи големото возење. Одредиштето сега гласи: Пекинг! Поаѓањето е утре, а вечерва е во тек голема журка со бројните пријатели пред легендарното кафе-бар Икс.

Топ Гир некогаш, Гранд Тур денес, Кларксон, Меј, Хамонд? Секоја чест на хероите од светската автомобилска сцена, но нас ни се поважни други имиња. Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов, на пример, или Од Стојаково до Ница со Рено 4. Вистински феномен се случуваше лани, кога двајцата авантуристи од Стојаково појдоа на пат за Ница, на саем за олдтајмери, со Рено 4, при што „четворката“ подеднакво важи и за бројот на децении на автомобилот.

Сé почна од обична објава на фејсбук, неспонзорирана, неизвештачена, спонтана и домашна. Подвигот беше проследен со спектакуларен пречек пред најлегендарниот локал во Македонија, кафе-бар Икс во Стојаково. Пристигнаа пријатели, фанови од социјалните мрежи, амбасадори, министри. Следеше уште еден маратон со телевизиски гостувања, интервјуа, свадби, спортски манифестации. Едноставно секаде се сакаше да се искористи барем мал дел од публицитетот на Џоко и Ѓорѓи.

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Friday, June 28, 2019

Кога е мирно, нешто големо се подготвува. Така и бидна. Најпознатите Стојаковци во светот пред неколку месеци објавија дека сакаат да патуваат повторно. До Индија. Излезе Кина. Ако Шуклев и Николов воопшто требаше да се посомневаат околу поддршката: 23 спонзори, дузина помагатели, министерска асистенција за обезбедување визи и дипломатски контакти.

Сцената е подготвена да ја следи новата сезона на најдобрата авантуристичка серија кај нас!

Додека вечерва се подготвуваат за големото патување до Пекинг, во вообичаениот стил за двајцата авантуристи, со забава пред Икс, господата Шуклев и Николов ни одговорија на неколку блиц прашања:
  • Какви приспособувања и модификации се извршени врз возилото за големото патување?
    Нема некое приспособување, освен нови гуми и замена на карбуратор.
  • Колку е планирано да трае патувањето и дали ќе се задржувате подолго време на одредени места?
    Оригинално би требало да се вратиме некаде кај 10-ти до 15-ти август. Планираме во Пекинг да бидеме околу 5 денови, освен тоа не е планирано подолго застанување.
  • Што е тоа што најмногу ја поттикнува вашата љубопитност на маратонското патување?
    Тестирање на границите на издржливоста на Рено 4, како и нашиот авантуристички дух.
  • Што најмногу ве наведе да се впуштите во овој потфат?
    Личен предизвик. Публиката ни ја дава поддршката да успееме, а сликите од претходниот успех уште се пред нас.
  • Дали ќе имате придружба со друго возило и дали имате организирано пречек во попатните места, како што беше случај со претходното патување?
    Одиме комплетно сами, без никаква придружба, додека во текот на патувањето имаме контакти од Македонци, кои живеат близу трасата по којашто ќе возиме и во план ни е да застанеме кај нив.

Господо, со среќа!

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Wednesday, June 26, 2019

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford најава нови модели

Ford со нова организација и три сосем нови моделски серии

Volvo нов салон, Премиум АГС

Новиот салон на Volvo донесува дел од Шведска во Скопје