за

Кои автомобилски марки се најпогодени, а кои најпоштедени од корона-кризата?

Салон на автомобили Детроит

Автомобилската индустрија е меѓу браншите што претрпеа најголем удар во вонредните услови предизвикани од пандемијата. Но, големите концерни докажуваат дека нивната работа со право се води како кралица на индустријата. Некои гиганти се враќаат уште посилни, некои што беа во криза уште пред корона, паѓаат уште повеќе. Во продолжение следи куса анализа што ги прикажува сменетите конкурентски услови меѓу автомобилските производители на европскиот пазар.

Големи промени се случија на автомобилскиот пазар во условите на пандемијата. Тоа се забележува уште при рангирањето на Топ 5 најпродаваните марки на европскиот пазар во првото полугодие. Volkswagen останува водечки производител со огромна предност, следи Renault, по него е Peugeot, а потоа доаѓаат големите изненадувања. Четврта најпродаван марка е Mercedes, а не е многу послаб и BMW на петтото место. Тоа покажува едно: Премиум марките го задржаа пазарот, или кусо, купувачите што уште од претходно планирале да се подноват со премиум автомобил, кризата не ги спречила да го направат тоа.

Фантастично напредуваат и Toyota на шестото место, како и Skoda едно место потоа. Тоа наведува на следниот заклучок. Купувачите во време на корона, не сакаат експертименти, туку ги ценат традиционалните вредности, односно издрживост, практичност, штедливост, добра шанса да се постигне пристојна цена при евентуална продажба на возилото. Овие две марки воедно постигнале и најголем пораст во уделот на европскиот автомобилски пазар. Наспроти 4,6 проценти удел во првото полугодие лани, Toyota годинава го зголемила уделот на 5,5 проценти. Истото важи и за Skoda.

Toyota, Lexus, Skoda и Porsche имаат најголем раст во пазарниот удел, додека најмногу од пазарот изгубиле Opel, Jaguar, Mazda, Jeep, Fiat, Land Rover, Peugeot…

Спротивен е трендот кај Peugeot, Ford, Opel, Fiat, Citroen, кои имаат негативен тренд во својот удел во вкупната продажба, односно го изгубиле пазарот што им припаѓал претходно – затоа што нивните потенцијални клиенти се префлиле на другите марки, односно логично на марките што изгубиле помалку од својот удел, како Toyota, Skoda и други.

Во следниот графички приказ се рангирани производителите на автомобили по групации, со процентуалната разлика во споредба со продажбата во првото полугодие во 2019 во десната колона. Се забележува дека меѓу водечката петорка, најпогодена е групацијата на Peugeot, со продажба што е речиси преполовена во споредба со лани.

продажба по групации во прво полугодие

Најважното рангирање е на ниво на автомобилските марки, но повеќе внимание заслужуваат промените во уделот во првите две колони. Тука се добитниците и губитниците во кризата. Меѓу првите се Toyota (од 4,6% лани на 5,5% удел годинава), Skoda (од 4,7 на 5,5%), Kia (од 3,2 на 3,5%), кои го зголемиле својот удел, додека Jaguar, Opel, Mazda изгубиле најмногу од својот удел.

продажба по марки во прво полугодие со удел

Во следната табела се рангирани автомобилските марки, почнувајќи од оние што имале најмал пад во продажбата во првото полугодие од 2020, во споредба со лани. При дното се наоѓаат Opel, Fiat, Mazda, како марки што претрпеле најголем удар од кризата и продажбата буквално им е преполовена. Наспроти тоа, Porsche со -15% речиси и не ја чувствува кризата.

процентуално намалување на продажба на автомобили по марки 1H20

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мотоциклист во Виена направил 42 прекршоци за осум минути

Мотоциклист во Виена направил 42 прекршоци за осум минути

rivian r1t plaza

Tesla го тужи конкурентот Rivian за кражба на деловни тајни