за , ,

Стари автомобили полни со електро отпад од ЕУ за Нигерија

стари автомобили африка електричен отпад

Обединетите Нации две години ги следеа пратките со користена електрична и електронска опрема од европските, американските и кинеските пристапништа до Нигерија. Само во 2015 и 2016 година, во африканската држава пристигнале 60.000 тони користени електрични уреди, од коишто најмалку една четвртина била нефункционална. Тоа ги прекршува интернационалните и националните закони, коишто пропишуваат дека извоз и увоз може да се врши само на функционални уреди.

Годишната количина увезен електро отпад во Нигерија е доволна да се создаде 10-километарска колона од 40-тонски влекачи со попуприколка

Повеќе од две третини од старите уреди или околу 41.500 тони, пристигнале во Нигерија натоварени во користени возила, коишто се наменети за продажба на локалните пазари. Останатите 18.300 тони пристигнале во бродски контејнери. Електричниот отпад најчесто патува заедно со велосипеди, кујнска опрема, спортски уреди и мебел.

Старите уреди што се натоварени во користените возила обично не се пријавуваат. Бродовите кои пристигаат од пристаништата во Европа, САД и Кина носат копири, ладилници, компјутери, климатизери, звучници, машини за перење, принтери, двд уреди. Практично сите електрични уреди (98%) што се натоварени во користени автомобили се испраќаат од земјите во ЕУ. Останатите два проценти пристигаат од САД.

Компании во ЕУ плаќаат за отпадот само да се натовари на брод, понатаму е неважно

Околу 77% од вкупниот електричен отпад доаѓа од пристаништата во ЕУ, главно од Германија и Велика Британија (со по 20%), а потоа од Белгија, Холандија, Шпанија и Ирска. Кина и САД учествуваат со по 7 проценти во вкупниот увоз.

Извозот и увозот на неисправна електрична опрема во Нигерија претставува прекршување на Базелската Конвенција. Дел од старите уреди наводно се поправаат во африканските земји. Но, досега не е регистриран случај извозниците или увозниците да трпат последици од криминалната трговија, иако е јасно дека повеќето од старите уреди се непоправливи и со тоа се прекршува Конвенцијата. Во пристаништата се врши само најосновна проверка на функционалноста на уредите, а тоа обично значи дека уредите треба само да бидат цели.

Отпадот завршува во Нигерија, каде што никому не пречи

Електричниот и електронскиот отпад честопати содржи опасни и штетни материи, како жива (во ЛЦД-телевизори) или фреон (во ладилници и клима уреди). Увозот на старите електрични уреди може да биде мошне профитабилен, особено при продажба на уредите за натамошно користење. Меѓутоа, најголемиот дел од отпадот завршува на депониите, доколку тие воопшто постојат. Главниот профит е кај бизнисмените што го организираат товарењето на отпадот на бродовите, компаниите плаќаат само да се ослободат од отпадот.

Како што заклучуваат експертите на ОН, неопходно е слични истражувања да се извршат и во останатите делови од светот, заради подобар увид во патиштата по коишто се одвива увозот и извозот, како и заради подобро разбирање на последиците од трговијата со отпад.

Пред десетина години имавме пример на преплавување на регионот со стари автомобили, коишто место во топилница завршија по улиците

Европските земји имаат редовна практика да се ослободуват од штетниот отпад. Во средината на минатата декада, повеќе држави во ЕУ воведоа субвенции за старите возила да се заменат со нови. Тоа даде убав поттик на локалната автоиндустрија, требаше да се постигне придонес и за животната средина. Стотици илјади сопственици на стари возила добија од владите во своите држави повеќе пари од реалната пазарна вредност на возилата.

Дополнителна причина за брзото ослободување од старите возила: Повеќето од нив беа дизели со директно впрскување на горивото (TDI, CDI, CDTI и сл.), без соодветно пречистување на честичките гареж од издувните гасови – тоа што неколку години подоцна почнавме да го регистрираме како енормна концентрација на ПМ во воздухот во македонските градови.

Стока со нулта вредност по исплатените субвенции не смее да се враќа во продажба, но затоа може да се испрати во земјите што не умеат да се заштитат од отпадот

Старите автомобили требаше да се претопат во европските железарници, по претходна мачна и скапа подготовка за рециклирање. За претопување на стотиците илјади стари автомобили требаше да се потроши и енормна количина енергија, а со тоа да се емитуваат и огромни количини СО2. Големите концерни не смеат да испуштаат СО2 колку што им е волја, туку секоја дополнителна количина од стакленичкиот гас над дозволената мораат да ја „купат“ скапо.

Автомобилите не смееше понатаму да се продаваат во ЕУ, затоа што стока со поништена вредност – поради исплатените субвенции – не смее да се врати во пазарниот синџир. Едноставно и безболно решение беше старите автомобили да се дистрибуираат по Балканот. Секако, не без финансиска корист и не без наштетување на животната средина. Но, зошто тоа би пречело некому?

Увозот на користени автомобили пораснал за 36 проценти

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 4 и 5 години

ЕУ бара подобра заштита на купувачите по дизел скандалот

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот

Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Floyd Jackson Shows Off His Amazing Car Collection For The First Time

nissan leaf 1000000 japonija

Во Јапонија возат над 100.000 електрични автомобили Nissan Leaf