за

SssangYong го враќа носорогот во понудата

SsangYong Musso

Две премиери на „корејскиот ленд ровер“ на салонот во Женева. Едната е за новата генерација на пикапот со старото име Musso, втората премиера на SsangYong е за концептниот автомобил со погон на струја, кој го најавува идниот Korando.

Женева е омилен терен за премиери за корејскиот производител SsangYong. Годинава има дури две премиери на неговиот салонски штанд. Специјалистот за теренци го врати името Musso во својата моделска понуда, а со тоа и сеќавањата на легендарниот модел кој пред повеќе од две децении го примени концептот на модерните СУВ-модели.

SsangYong Musso 2018

Musso (носорог на корејски) отсега не е голем спортски теренец, туку е пикап, кој веќе рано налето ќе биде достапен на главните европски пазари. Ова е веќе четврта премиера на SsangYong, по Tivoli и неговата продолжена варијанта XLV, како и на знаменосецот Rexton. Новиот Musso пристига во вистинскиот сегмент, затоа што пикапите веќе неколку години наназад бележат голем пораст во продажбата, вклучувајќи го и европскиот пазар.

Дизел со 181 КС за петметарскиот пикап, по желба со 6-степен автоматик

Заменикот на Actyon Sports ја користи платформата од четвртата генерација на Rexton. Според Корејците, носечката рамка од ултрацврст челик и можноста за вклучување на погон на сите тркала, Musso се снаоѓа подеднакво добро и на пат и на терен. Под хаубата работи познатиот 2,2-литарски дизел со 181 КС и вртежен момент од 420 Nm. Преносот е преку 6-степен мануелен менувач или исто така 6-степен автоматик од Aisin, на задната оска или на сите тркала. За товарните таленти говори носивоста од 1.011 килограми.

SsangYong Musso 2018

На располагање стојат и системи за асистенција, како систем за следење лента и сензори за непрегледните агли или предупредување кога друго возило наидува отстрана при возење во рикверц. Комфорот и просторноста се стандард во оваа марка. Не недостига ниту поврзување со Apple CarPlay или Android Auto, во комбинација со дисплеј од 9,2 инчи, исто како и пристап на интернет.

ssangyong e-siv

Вториот новитет во Женева е концептот со електричен погон SsangYong e-SIV, со когошто Корејците ги истражуваат и новите опции за конективност и автономно возење. Новиот дизајнерски концепт „нови хоризонти, паметна динамика“ го најавува изгледот за следната генерација на Korando, со профил на купе. Со полни батерии, четвртиот концептен електромобил од SsangYong минува до 450 километри.

[FAG id=30949]

SsangYong ќе претстави концепт на електричен теренец во Женева

SsangYong Tivoli е големото изненадување меѓу кросоверите

Renault Alaskan е првиот пикап на Французите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

салон женева

Чудните автомобили се нормална појава на салонот во Женева

volvo xc40

Новиот Volvo XC40 им носи пораст во продажбата на Швеѓаните