за

SsangYong Rexton најдобар избор за парите според „4х4 Magazine“

SsangYong Rexton side

Британскиот магазин за теренски возила втора година по ред му признава најдобра противвредност на SsangYong Rexton во редовниот избор за автомобил на годината.

Возачите „на островот“ имаат помалку предрасуди кон марките што продаваат поевтино од останатите. Додека тие марки за другите возачи се евтини, британските возачи ценат дека тие им нудат поголема противвредност. Таков беше случајот со Skoda, а потоа и со Dacia, кои уште во екот на нивната трансформација од источноевропски производители во светски играчи постигнуваа подобра продажба во земјата, отколку на повеќето европски пазари.

Корејскиот SsangYong Rexton лани победи во категоријата на автомобили со најдобра противвредност во изборот на специјализираниот „4×4 Magazine“, а победата не ја пропушти и годинава. Во меѓувреме и пикапот Musso победи како најисплатлива понуда во категоријата на пикапи во изборот на ценетиот британски магазин.

SsangYong Rexton ги убедува купувачите и со гаранцијата за 7 години или 240.000 километри во Велика Британија

Според застапникот на SsangYong во земјата, со овие титули се потврдува стратешката определба на марката, да понуди пониски цени, богата опрема и квалитетна изработка, во комбинација со 7-годишна гаранција, односно гаранција до 240.000 километри.

https://photos.app.goo.gl/33eGaoQZWswQ71ZV8

Уредникот Алан Кид коментира: „SsangYong Rexton изненади многумина кога ја понесе титулата на севкупен победник и стана најдобар 4х4 за минатата година. Неговата исклучителна противвредност беше само една од причините за тоа – како што тогаш посочивме, со неговата квалитетна изработка, опремата и дизајнот на кабината, тој би привлекол купувачи и по многу повисока цена.“

Конкурентите на робусниот теренец со носечка рамка се големи имиња во сегментот: Toyota Landcruiser и Land Rover Discovery; Подеднакво е голема и разликата во цената

Новата генерација на SsangYong Rexton, како знаменосец на корејската марка, стартуваше со продажба лани. Како припадник на вишата класа теренци, неговата почетна цена на британскиот пазар изнесува 28.995 фунти, односно околу 32.000 евра. Тоа е близу 10.000 евра под цената на конкурентот Toyota Landcruiser 2.8 D-4D и дури 20.000 евра поевтино од Land Rover Discovery Sd4.

Моторот е 2,2-литарски дизел со моќност од 181 КС и вртежен момент од 420 њутмнетри. Со доплата, големиот теренец се испорачува со 7-степен автоматски менувач од долгогодишниот партнер Mercedes. Купувачите ја ценат и способноста за влечење товар до 3,5 тони.

SsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

SssangYong го враќа носорогот во понудата

SsangYong ќе претстави концепт на електричен теренец во Женева

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 Cabriolet

Porsche 911 Cabriolet со пропорции на Ким Кардашијан

Mercedes Actros Airbus

Како Mercedes Actros го учеше Airbus 320 да вози