за

Mahindra бара нов сопственик за проблематичниот SsangYong

Ssangyong
Ssangyong

Индискиот индустриски гигант Mahindra повеќе нема да вложува во корејскиот специјалист за СУВ-модели SsangYong, откако претходнaта масивна инвестиција не вроди плод.

Ssangyong може целосно да исчезне од сцената, откако индискиот гигант Mahindra & Mahindra ги објави своите намери да се откаже од контролата над корејскиот производител на СУВ-возила. Mahindra поседува три четвртини од акциите во SsangYong, по масовното вложување во 2010 година, што беше спас во последен момент за специјалистот за теренци. Меѓутоа, големата зделка се покажа како голема утка, бидејќи SsangYong не ја оправда инвестицијата. Во април, Индијците објавија дека повеќе нема да вложуваат во корејската марка.

Паван Гоенка, директорот на Mahindra, изјави за новинската агенција Ројтерс: „На Ssangyong му е потребен нов инвеститор. Соработуваме со компанијата со цел да ја обезбедиме инвестицијата.“

Еден од незаборавните дизајни на автомобилската сцена, SsangYong Rodius

Ssangyong е присутен на европскиот пазар уште од последната декада од минатиот век, кога Musso привлече големо внимание на сцената, меѓутоа недоволно за марката да опстане во жестоката конкуренција.

Ниту новиот Korando не успеа да го постигне неопходниот број на продадени примероци, за понудата на моделот да биде исплатлива на европскиот пазар.

Продажбата во Европа паѓа уште од 2006 година, иако малото зголемување на продажбата на малечкиот Tivoli пред пет години донесе нови надежи за SsangYong. Конкуренцијата сепак се покажа поуспешна и Tivoli остана во сенка на моделите од ковот на VW T-Cross, Suzuki Vitara и други.

SsangYong чека пари од индиските газди, кризата може да означи крај

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Ateca

Seat Ateca фаќа нов залет

Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја

Норвешка веќе преоѓа на бродски мотори на струја