171
22 shares, 171 points

SsangYong имаше проблеми уште пред да се создаде кризата околу корона, но се надеваше на свеж капитал од индискиот газда Mahindra & Mahindra. Сега и тоа е проблем, затоа што и Индијците мораат да го спасуваат својот бизнис.

SsangYong за малку се спаси од судбината да стане уште една автомобилска марка што заминала во историјата. Спасението пристигна од индискиот индустриски гигант Mahindra & Mahindra, кои лани презедоа 70 проценти од акциите во јужнокорејската компанија.

Планот предвидуваше вложување на 375 милиони евра, со цел понудата на корејскиот производител на СУВ-модели да се обнови и марката да стане конкурентна на светскиот пазар. Со оваа масивна сума, Индијците планираа во наредните три години да го претворат корејскиот загубар во профитабилна компанија. Но, неопходната инвестиција, засега нема шанси да се случи.

Одборот на Mahindra & Mahindra неодамна до стави на разгледување планираното инвестирање, откако домашниот индиски пазар беше силно погоден од кризата од корона. Според менаџментот на компанијата, во моментов е неодговорно да се инвестира во SsangYong. „По долго разгледување на тековниот и иден финансиски прилив, одборот на Mahindra & Mahindra реши дека е невозможно да се вложи нов капитал во SsangYong“, пишува во соопштението од Индија. „SsangYong ќе мора сам да бара алтернативни извори на финансии“.

Аутомакедонија e нов увозник и дилер за марката SsangYong

SsangYong Korando Nov
SsangYong Korando

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *